5 стихови од Руми што ќе ви помогнат во најтешките моменти

Ретки се поетите кои со само неколку збора можат да ве натераат да се запознаете подобро и да ги надминете тешките моменти. Еден од нив е и Руми.

5-stihovi-od-rumi-shto-kje-vi-pomognat-vo-najteshkite-momenti-01.jpg

Џалалудин Руми, попознат како Руми, е поет од 13-иот век, чии стихови се рецитираат и денес. Неговите дела се преведени на бројни јазици и секоја личност може да најде барем мала утеха во неговите стихови.

Ако периодов животот ви приредува преголеми предизвици, тогаш можеби ќе ви помогнат овие неговите стихови:

„Засакајте ја тишината, не дозволувајте да ви биде наметната“

Поради пандемијата, овие неколку месеци сите сме се почувствувале изолирано и осамено. Но, ако научите да уживате во тишината и во времето поминато со себе, ќе се чувствувате многу подобро.

Не заборавајте дека само во овие моменти можете вистински да се посветите на себе и да се запознаете многу подобро.

„Одморете се од сè што ве исцрпувало досега“

Искористете го овој тежок период како можност за промена која можеби сте сакале да ја направите, но постојано сте ја одолговлекувале. Искористете го периодот за вистински да одморите од работите што само ви штетат.

Ако, на пример, сте јаделе премногу нездрава храна, одморете од неа, па ако треба и постете. Применете го ова за што било што ве кочи во животот и што ви предизвикува проблеми.

„Не барајте мудрост и сила надвор од себе“

Другите можеби ќе ви дадат некој совет или ќе ви кажат нешто што ќе ве мотивира, но никој нема да ви ја даде потребната сила. Морате да ја барате во себе.

5-stihovi-od-rumi-shto-kje-vi-pomognat-vo-najteshkite-momenti-02.jpg

Некој може да ви даде насоки за нешто, но вие ќе морате да го направите сами. Истовремено, вие најдобро знаете во каква ситуација сте, па вашиот совет, или вашата мудрост ќе ви послужи многу повеќе.

„Прифатете ја судбината и преиспитајте ги вашите желби“

Никој не може да ја предвиде иднината и време е да се помирите со тоа. Можете да направите детален план, но немате никаква гаранција дека нештата ќе се одвиваат како што сакате. А, за да ги избегнете разорувањата кога нештата ќе тргнат на лошо, мора да го прифатите ова.

Кога станува збор за вашите желби, размислете дали се во склад со вашето вистинско јас. Запрашајте се дали навистина го сакате тоа. Ако одговорот е „не“, време е да се фокусирате на нешто ново.

„Нурнете во својот внатрешен свет – овде се крие вистинско богатство“

Обидете се да се запознаете што е можно подобро. Станете свесни за секоја ваша навика, за секоја ваша постапка. На овој начин ќе знаете што вистински сакате и што е во ваша контрола, и многу полесно ќе ги избегнете разочарувањата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg