Маж и жена прославија што по 34 години брак и 4 деца конечно се сами дома

Кога и последното дете им се отселило од дома, тие одлучиле дека е време за славење на новата слобода.

mazh-i-zhena-proslavija-shto-po-34-godini-brak-i-4-deca-konechno-se-sami-doma-01.jpg

Хуан и Далиа Лопез по 34 години брак и 4 деца, слават што се сами дома. Нивното најмладо дете стапило во брак во август годинава и последно се отселило од дома.

По тој повод во нивниот дом во Тексас си направиле фотосесија на тема „празно гнездо“ со која го одбележуваат новото поглавје од својот живот.

Нивната забавна фотосесија го слави фактот што конечно ќе имаат време комплетно да се посветат еден на друг.

На една од фотографиите држат балон со бројот „0“ и на шега симболизираат дека очекуваат 0 деца.

mazh-i-zhena-proslavija-shto-po-34-godini-brak-i-4-deca-konechno-se-sami-doma-03.jpg

Нивните деца живеат на 2 до 8 часа оддалеченост со автомобил, а од нив имаат 7 внучиња. Велат дека ќе ги посетуваат често, но среќни се што домот сега ќе го имаат само за себе, а нивните деца водат независни и продуктивни животи.

„Нашата куќа ќе нѐ претставува нас сега. Си ја обожаваме оваа нова слобода“, изјавија тие.

Нивната забавна фотосесија:

mazh-i-zhena-proslavija-shto-po-34-godini-brak-i-4-deca-konechno-se-sami-doma-05.jpg

mazh-i-zhena-proslavija-shto-po-34-godini-brak-i-4-deca-konechno-se-sami-doma-06.jpg

mazh-i-zhena-proslavija-shto-po-34-godini-brak-i-4-deca-konechno-se-sami-doma-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg