Никој не ја видел од 2019-та - каде е љубовницата на Путин, Алина Кабаева?

Алина Кабаева е гимнастичарка по потекло од Узбекистан, а ја нарекуваат и „тајната прва дама на Русија“ затоа што се смета дека повеќе од 10 години е во врска со Путин.

nikoj-ne-ja-videl-od-2018-ta-kade-e-ljubovnicata-na-putin-alina-kabaeca-01.jpg

Кабаева (37) не е видена во јавност од 2018-ма година кога била во вториот месец од бременоста, а се шпекулира дека во април 2019-та родила близнаци во една клиника во Москва. Се верува дека токму 30 години постариот Путин е татко на децата.

Алина е една од најуспешните руски гимнастичарки во историјата. Започнала да се занимава со ритмичка гимнастика на свои 3 години. Таа има освоено две златни медали на Олимписки игри, 14 медали на светски првенства и 25 медали на првенства во Европа.

nikoj-ne-ja-videl-od-2018-ta-kade-e-ljubovnicata-na-putin-alina-kabaeca-02.jpg

Откако се повлекува од спортот, станува член на партијата на Путин.

Неодамна работела како директорка на „National Media Group“, но последнава година никој не и ја знае трагата.

Алина, пред наводната врска со Путин, била верена за политичарот Давид Муселијани во 2004-та година, но романсата завршила една година подоцна.

"The Moskovsky Korrespondent" ја пренеле веста за раѓањето на близнаците, но потоа ги избришале сите податоци.

nikoj-ne-ja-videl-od-2018-ta-kade-e-ljubovnicata-na-putin-alina-kabaeca-03.jpg

Владимир Путин се разведе од сопругата Људмила во 2013-та.

Се шпекулира дека со Кабаева освен близнаците имаат и заеднички син роден тајно во Швајцарија.

Во 2017-та Кабаева се појави со провокативен прстен на вереничкиот прст кој се обидуваше да го сокрие од папараците.

nikoj-ne-ja-videl-od-2019-ta-kade-e-ljubovnicata-na-putin-alina-kabaeva-09.jpg

Путин на неколкупати е фатен со мистериозна жена во автомобилот, обидувајќи се секогаш брзо да ја затвори вратата.

Каде се наоѓа Кабаева во моментов останува мистерија и уште една добро скриена руска тајна.

Прочитајте и: Најстарата ќерка му е „проблематична“, има тајно дете: 15 факти за семејството на Путин

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава