Колку заработуваат децата мини-инфлуенсери од еден Инстаграм пост?

Мини инфлуенсерите, како што многумина ги нарекуваат, се многу почеста тема на критики и психолошки истражувања, но во исто време и нивната популарност на Инстаграм вртоглаво расте.

kolku-zarabotuvaat-decata-mini-influenseri-od-eden-instagram-post-001.jpg

Овие дечиња со само една Инстаграм објава заработуваат многу повеќе отколку просечен, вработен човек:

Меѓу најпопуларните Инстаграм девојчиња се најде Еверли Роуз, која на само 7 години е веќе милионерка.

Нејзиниот профил го води нејзината мајка, која е модна блогерка и фотограф од Лос Анџелес. Еверлај има 5,1 милиони следбеници, а по објава наплаќа помеѓу 5 и 15.000 евра.

4-годишната Ели Лајвли МекБрум е втора на листата и заработува помеѓу 5 и 10.000 евра од објава.

Има 5 милиони следбеници и во просек, 1 милион лајкови.

Близначките Ема и Мила Штауфер од Аризона, се ѕвезди на Инстаграм профилот на нивната мајка Кети, а се проценува дека заработува од 5 до 10.000 евра по спонзорирана објава.

4-годишните близначки Тејтум и Оклеј се ќеркички на две YouTube ѕвезди, а заедно како пар заработуваат од 3 до 5.000 евра по објава.

Сестрата на второто девојче на оваа листа, Алаја, има 2,8 милиони следбеници и нејзините објави не достигнуваат петцифрена заработка, но сепак...

Малечката Алаја „наплаќа“ помеѓу 1.500 и 5.000 евра за објава на Инстаграм профилот кој ѝ бил отворен 2 недели по раѓањето.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се преселивме во Виетнам на 10 минути од плажа – за сметки и кирија плаќаме 325 € месечно, за храна... „Живееме во Да Нанг и плаќаме 325 евра за кирија и сметки. Во оваа сума се вклуч...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg