„Не се на воена академија“ - мајка гневна на училиштето кое ја суспендирало ќерка ѝ поради несоодветна облека

Џесика Бакл навистина се разгневила кога дознала дека училиштето ја казнило нејзината ќерка, бидејќи копчето од нејзините панталони било на погрешно место.

ne-se-na-voena-akademija-majka-gnevna-na-uchilishteto-koe-ja-suspendiralo-kjerka-poradi-kopche-na-pantalonite-001.jpg

35-годишната мајка вели дека нејзината 13-годишна ќерка Медисон била изолирана од другите ученици поради облеката. Медисон учи во Sirius Academy North - училиште во англискиот град Хул.

Наводно, Медисон ги носела истите панталони неколку недели, па не ѝ било јасно како одеднаш станале проблем. Кога девојчето ѝ се јавило, низ солзи ѝ кажало што се случува, а Џесика ја советувала да не седи во изолација, како што ја ставиле, туку веднаш да си дојде дома.

ne-se-na-voena-akademija-majka-gnevna-na-uchilishteto-koe-ja-suspendiralo-kjerka-poradi-kopche-na-pantalonite-02.jpg

„Денес ја казнија ќерка ми на училиште поради копче на нејзините панталони. Да, добро прочитавте – копче. Причината била тоа што нејзиното копче било од страната на панталоните, а не во средината. Според нив, ова биле хеланки, иако воопшто не се залепени“.

ne-se-na-voena-akademija-majka-gnevna-na-uchilishteto-koe-ja-suspendiralo-kjerka-poradi-kopche-na-pantalonite-04.jpg

„Од училиштето им пречеа и нејзините црни чевли, бидејќи имаат мал украс напред. Чевлите морало да бидат потполно црни и мазни“.

ne-se-na-voena-akademija-majka-gnevna-na-uchilishteto-koe-ja-suspendiralo-kjerka-poradi-kopche-na-pantalonite-05.jpg

„Потоа, добив заканувачко писмо бидејќи таа отсуствувала неоправдано, па јас ќе сум добиела казна за тоа. А сепак, во истото писмо наведуваат дека тие ја суспендирале истиот ден.

Значи, таа не била неоправдано отсутна. Писмото нагласува дека ја суспендирале, па како може да биде неоправдано отсутна?“

Гневната мајка вели дека ќерка ѝ секогаш изгледа пристојно и носи кошула, вратоврска и блејзер, и смета дека од училиштето треба да се фокусираат на образованието, а не да се фаќаат за ситни детали во облеката.

„Разбирам зошто имаат униформи, но штом им пречат копчиња и чевли, изгледа следно ќе ја проверуваат и долната облека.

Велат дека униформата има влијание врз нивното образование. Глупости. Бркањето и изолирањето на учениците има лошо влијание врз образованието, но тие побарале проблем кај погрешна мајка. Зошто е важно каде се наоѓа копчето? Тоа сигурно нема да влијае врз нејзиното образование.

Проблемот е што училиштето ги казнува децата за најглупавите работи. Треба да си ја работат работата и да ги едуцираат децата, а не да се замислуваат дека се на воена академија. Според мене, ова е лудило“.

ne-se-na-voena-akademija-majka-gnevna-na-uchilishteto-koe-ja-suspendiralo-kjerka-poradi-kopche-na-pantalonite-03.jpg

Наводно, ова не било првпат Медисон да ја изолираат од учениците, но мајка ѝ тврди дека секојпат станувало збор за тривијални работи. Сега таа дури била убедена дека Медисон им е мета на наставниците, но ситуацијата со панталоните ја преминала секоја граница.

Суспендирањето било само привремено, но Џесика веќе размислувала да ја премести Медисон во друго училиште.

„Сакам да ја отпишам оттаму и да најдам некое попристојно училиште. Или, наставниците ќе бидат пореалистични и ќе сфатат дека не се на воена академија“.

Од училиштето, пак, изјавиле:

„Не можеме да коментираме за индивидуални случаи, но ги дискутираме индивидуалните проблеми со родителите, и во овој случај го направивме тоа. Ги слушаме родителите и ако имаат каква било грижа, ќе направиме сè што е во наша моќ за да го решиме проблемот“.

Сте имале ли сличен случај во наше училиште?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава