10 принципи на ичиго ичи – јапонска филозофија за уметноста на живеењето во сегашниот миг

Сте забележале ли дека всушност никогаш не живеете во сегашноста?

10-principi-na-ichigo-ichi-japonska-filozofija-za-umetnosta-na-zhiveenjeto-vo-segashniot-mig1.jpg

Повеќето обично или се грижиме за нешто што допрва треба да се случи, или размислуваме за нешто што веќе се случило. Па, на некој начин, речиси никогаш не сме присутни во сегашноста. Веројатно Јапонците го сфатиле ова, па многумина од нив се водат според таканаречената „ичиго ичи“ филозофија.

„Ичиго ичи“ може да се преведе како „во овој момент, можност“, а самата филозофија ја нагласува важноста од живеењето во сегашниот момент. Секој миг од вашиот живот е скапоцен и уникатен, а штом ќе помине, ќе немате можност да го доживеете повторно. Па тогаш зошто да не се фокусирате и навистина да бидете присутни во секој момент од вашиот живот?

Филозофијата ичиго ичи може да ви помогне во тоа. Со нејзините принципи ќе научите да го цените секое искуство, да обрнувате внимание на секој момент, и со тоа помалку да се грижите за минатото и иднината. А, колку сте посвесни за сегашниот миг, толку посреќни ќе бидете.

Погледнете ги 10-те принципи што најдобро ја сумираат оваа јапонска филозофија:

Прифатете го секој момент од животот

Секој момент од вашиот живот е уникатен и го заслужува вашето внимание. Не заборавајте дека вашиот живот е всушност збир од овие моменти, па сигурно не сакате да ги испуштите грижејќи се за нешто што воопшто не се ни случило, или нешто што веќе е во минатото.

Некои работи се случуваат само еднаш

Сте ја слушнале изреката „Живеј го секој ден како да ти е последен“? Никогаш нема да го доживеете истиот ден двапати, па затоа доживувајте го секој момент како да ќе се случи само еднаш. Ичиго ичи ќе ве натера да сфатите дека секој настан, секоја средба, е уникатна можност и ништо не ви гарантира дека ќе се повтори.

10-principi-na-ichigo-ichi-japonska-filozofija-za-umetnosta-na-zhiveenjeto-vo-segashniot-mig-02.jpg

Живејте во сегашноста

Нормално, треба да направите некаков план за иднината и одвреме-навреме треба да размислувате за минатото. Но, не дозволувајте овие мисли да ја окупираат вашата сегашност.

Сфатете дека го имате само овој момент – не можете да го промените минатото, не можете да ја предвидите иднината, па зошто да не уживате во сегашноста?

Направете нешто што не сте направиле досега

Како што рекол Ајнштајн, не можете да очекувате различни резултати ако постојано го правите истото нешто. Па, за да соберете нови искуства и да се чувствувате поисполнето, дозволете си да направите нешто ново, што не сте направиле досега.

10-principi-na-ichigo-ichi-japonska-filozofija-za-umetnosta-na-zhiveenjeto-vo-segashniot-mig-03.jpg

Медитирајте

Медитацијата е можеби најлесниот начин да се оттргнете од секојдневните грижи и да се вратите во сегашноста. Затоа, секогаш кога можете да одвоите 10-тина минути седнете на мирно место, затворете ги очите и фокусирајте се само на дишењето и на сегашниот момент.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...

Најчитани неделава