Најзначајни фотографии од Земјата направени од вселената - како изгледа нашата планета од далеку?

Често гледаме фотографии од Земјата направени од нејзината атмосфера или од Меѓународната вселенска станица. Но сте ги погледнале ли фотографиите кои се направени од вселената, на растојание од илјадници, па дури и милијарда километри од Земјата?

najznachajnite-fotografii-od-zemjata-napraveni-od-vselenata-01.jpg

Благодарение на мисиите на НАСА и другите вселенски агенции, сега имаме можност да ја погледнеме Земјата не само од Месечината, туку и од најдалечниот крај на Сончевиот систем.

Во продолжение можете да погледнете дел од најзначајните фотографии од Земјата направени од вселената:

Фотографија направена од Сатурн

На 19 јули, 2013, леталото Cassini направи неверојатна фотографија на која се гледаат прстените на Сатурн. Во заднината се гледа и Земјата, на растојание од 1,44 милијарди километри.

02.jpgфото: NASA

Фотографијата „Бледа сина точка“

Оваа фотографија е направена на 14 февруари 1990, со леталото Voyager 1. Во моментот кога е направена фотографијата, леталото се наоѓало на растојание од 6 милијарди километри од Сонцето.

Земјата е толку далеку што се гледа само како бледа сина точка, па оттаму и името на фотографијата.

03.jpgфото: NASA

Една од првите фотографии направени од Месечината

Оригинално, оваа фотографија е направена во далечната 1966-та, со помош на леталото Lunar Orbiter 1. Тогаш од НАСА ја немаа технологијата да направат фотографија со добра резолуција, па оригиналот изгледа матно.

Во 2008 година, речиси 4 децении откако беше направена фотографијата, од НАСА ги искористија податоците од оригиналот за да ја направат фотографијата со подобра резолуција.

04.jpgфото: NASA

Првата фотографија од Земјата направена од вселената

Кратко по завршувањето на Втората светска војна, во 1947 година беа направени првите фотографии од Земјата на растојание поголемо од 160 километри.

Фотографиите се направени со помош на германските ракети V-2.

05.jpgфото: NASA

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
10 необични фотографии кои ќе ви измамат насмевка Куче што прави откачени фаци кога го фотографираат, авион кој наликува на насмеа...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Забавна фото-компилација: Мутирани растенија што изгледаат како од друга планета Велат дека е среќа ако најдете детелина со четири листа. Но, дали сте виделе со ...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
Вистински хорор-приказни од операции и процедури за убавина (направени во непроверени клиники) „Целата ситуација беше како пекол. Се сеќавам дека се погледнав во огледалото и ...

Најчитани неделава