10-те најлајкувани Инстаграм објави до крајот на 2020-та - фотката од јајце повторно е на врвот

5. Кајли Џенер

Оваа фотка на Кајли е пред дури две години, но сепак се најде во првите пет и во 2020-та. Во февруари 2018-та Кајли ја сподели новоста дека станала мајка со фотографија од рачето на Сторми. Моментално објавата има 18,5 милиони лајкови.

4. Чедвик Боузман

Објавата на профилот на актерот со која се соопштува неговата смрт има 19,1 милиони лајкови.

„Со огромна тага ја потврдуваме веста за смртта на Чедвик Боузман. Чедвик беше дијагностициран со рак на дебелото црево во трет стадиум во 2016, и се бореше со него последниве четири години, додека ракот напредуваше во четврти стадиум. Тој почина во неговиот дом, со сопругата и семејството покрај него“, пишува на објавата.

3. Кристијано Роналдо

И Кристијано Роналдо сподели фотографија во чест на Диего Марадона, која досега има собрано 19,6 милиони лајкови.

„Денес се збогувам со пријател, а светот се збогува со вечен гениј. Еден од најдобрите на сите времиња. Си замина прерано, но остави огромно наследство и празнина која никогаш нема да биде пополнета. Почивај во мир. Никогаш нема да бидеш заборавен“, напишал фудбалерот на португалски.

2. XXXTentacion

Уште една фотка од 2018-та, овојпат од музичарот познат како XXXTentacion. Ова е всушност последната објава на музичарот пред неговата смрт во мај 2018-та и досега има собрано 22,6 милиони лајкови.

1. World Record Egg

Изгледа ова ќе биде најлајкувана фока на Instagram засекогаш.

„Ајде заедно да поставиме светски рекорд и да го направиме ова најлајкуваниот пост на Instagram. Да го победиме моменталниот светски рекорд што ѝ припаѓа на Кајли Џенер (18 милиони)“, пишува во описот на фотографијата објавена во јануари 2019-та.

Досега фотката со јајце има неверојатни 54,8 милиони лајкови.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
„Бев инфлуенсерка и го експлоатирав син ми за кликови – има Даунов синдром, го снимав и кога плачеше... „Кога веќе имав 100.000 следбеници, син ми Диего си дојде дома со плачење – го и...
„Белата како спокој и мир во гласниот свет“ – Pantone ја објави бојата на 2026 година Cloud Dancer е прогласена за боја на 2026-та година од Pantone - насекаде ќе гле...

Најчитани неделава