„Светол, роден во зора“, принципиелен – Значењето на името Лука

Постојат неколку теории за потеклото на името Лука кое е можеби едно од најпопуларните машки имиња во Македонија во последнава деценија. Оригиналната форма на името е: Lucаs, укажува на име со латинско потекло. Значењето на името: од Lucius – светол, роден во зора.

Znacenjeto-na-imeto-Luka-01.jpg

Некои сметаат дека името има грчко потекло, односно дека произлегува од Λουκᾶς и значи човек од Луканија (област во јужна Италија), меѓутоа ова е малку веројатно.

Во христијанскиот свет, името Лука обично се поврзува со еден од апостолите, кој станал автор на Евангелието. Постои и легенда во која се вели дека Апостол Лука ја напишал првата икона на Богородица. Католиците го сметаат за заштитник на уметниците и иконописците. Во христијанската традиција тој се смета за светец-заштитник исклучиво на иконописците.

Што значи името Лука? Името симболизира светла личност која на луѓето им носи некаков вид благодат што е невозможно да се добие во материјалниот свет. Момчињата обично се нарекуваат Лука во чест на духовната чистота и интегритетот на семејството.

Карактерот на Лука е прилично комплициран, тој е принципиелна личност која строго ги почитува правилата. Неговиот кодекс на чест е многу јасен и едноставен – тој самиот не изневерува и не го очекува ова од никој друг. Доколку тоа се случи, тој никогаш нема да прости.

Дали и вие имате некој Лука во животот? Означете го во коментар и посакајте му убав викенд.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...

Најчитани неделава