Пар доби близначиња со различна боја на кожата: „Бевме уморни и прво не забележавме, следниот ден се шокиравме“

Кејли и Џордан неодамна станаа родители на близнаци со различна боја на кожата - едното ги наследило гените на мајка си, мулатка која потекнува од мајка Англичанка и татко Нигериец, а другото на татко си, кој е со темна боја на кожата.

eden-vo-milion-sluchai-anglichanka-i-afroamerikanec-dobile-bliznachinja-so-razlichna-boja-na-kozhata-foto-01.jpg

Кејли е мулатка која потекнува од мајка Англичанка и татко Нигериец, а нејзиниот сопруг Џордан е со темна боја на кожата. 

Неодамна парот доби близначиња, но она што ги изненадило сите е тоа што двете дечиња изгледаат потполно различно – едното има темна кожа, како татко си, а другото светла, како мајката. Момчето, Јазија, има светла и права коса, додека неговата сестра Најла има црна, густа и виткана коса.

„Навистина е неверојатно што тие имаат и потполно различни карактери, иако се едвај четири месеци стари“, вели нивната мајка.

eden-vo-milion-sluchai-anglichanka-i-afroamerikanec-dobile-bliznachinja-so-razlichna-boja-na-kozhata-foto-03.jpg

Породувањето на Кејли било долго и тешко, па таа и сопругот не ја ни забележале разликата помеѓу нивните деца на почетокот. Штом се породила, Кејли само заспала и дури следниот ден со Џордан сфатиле дека нивните близначиња се навистина уникатни.

„Се породував долго и за малку требаше да ми прават итен царски рез. Откако се родија, само ги погалив и заспав веднаш. Бев преморена, а исто и Џордан. Се шокиравме кога следниот ден видовме колку се различни.

Никогаш не замислувавме дека едното ќе биде како него, а другото како мене. Дури и медицинските лица што се грижеа за мене беа восхитени, бидејќи досега немале видено ништо такво“, вели Кејли.

eden-vo-milion-sluchai-anglichanka-i-afroamerikanec-dobile-bliznachinja-so-razlichna-boja-na-kozhata-foto-04.jpg

И покрај различната боја на кожата, Кејли вели дека двете близначиња имаат некои исти карактеристики. На пример, и двете дечиња имаат темнокафеави очи.

Кејли има четири други деца, од врска со друг маж, кои веднаш се вљубиле во новите членови на семејството.

„На близнаците никогаш не им недостасува внимание. Никогаш не им е здодевно бидејќи околу нив постојано има луѓе кои сакаат да си играат“.

eden-vo-milion-sluchai-anglichanka-i-afroamerikanec-dobile-bliznachinja-so-razlichna-boja-na-kozhata-foto-02.jpg

Шансата да се родат близнаци со различна боја на кожата заради различната етничка припадност на родителите, како со случајот на Кејли и Џордан, се многу мали - една во милион.

Обично, кога родителите имаат различно потекло, децата се комбинација од нивните гени. Во некои ситуации, преовладуваат гените на едниот родител, па децата повеќе ќе личат на него. Но, навистина е неверојатно кога доминираат гените и на двајцата родители, па се раѓаат близначиња со сосема различна боја на кожата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...

Најчитани неделава