Фотки од среќни и емотивни моменти кои ќе ви го стоплат срцето
„Го запознав ова дете пред неколку години во сиропиталиште во Танзанија. Му реков дека ако учи, јас ќе платам за неговото образование и ќе му помогнам да стане доктор. Сега успеа да се запише во медицинско училиште, а јас сум премногу горда на него“

„Директорот во нашата компанија ги мие садовите откако ни купи ручек на сите вработени. Е, поради ова си ја сакам работата“

„Денес поминаа 5 години откако ќерка ми го победи ракот, па ја направивме оваа фотографија“

„Потекнувам од проблематично семејство и сестра ми побегна од дома кога имаше 17 години. Таа имаше проблеми со зависност, но се излечи и ја немав видено со години. После толку многу време, добив повик од пријател кој ми кажа дека се вратила во градот и денес конечно се сретнавме“

„Брендот Nike го изненади ова момче со договор. Џастин е првиот атлет со церебрална парализа со кого Nike направил договор за соработка“

„Мажот до пациентот е всушност таксист, кој влезе со него во болницата само за да му прави друштво“

„Во октомври, баба ми наполни 100 години. Ова е фотографија од неа додека вежба“

„После 4.000 километри поминати со авион, 2 часа возење и 6 часа планинарење, сопругата конечно почива во мир. Се запознавме токму на ова место, а неколку години подоцна ја запросив овде“

„Тато ми кажа дека почнал да им остава храна на уличните мачки, исто како мене. Утрово им ставил и чадор“

Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува
За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената
Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност
Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“
„Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца)
Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив...
Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
