Ејми Вајнхаус се плашела дека ќе умре на 27 години - морничави факти за Клубот 27

12. Иако голем дел од јавноста верува дека музичарите кои се дел од Клубот 27 воделе колку-толку ист живот, авторот Хауард Соунс истражувал и дошол до заклучок дека повеќето имале само едно заедничко нешто – тешко и проблематично детство.

ejmi-vajnhaus-se-plashela-deka-kje-umre-na-27-godini-pomalku-poznati-fakti-za-klubot-27-07.jpg

13. Кај членовите на клубот има и друга константа – речиси сите биле во врска со партнер кој имал некаков проблем со дрога.

14. Некои истражувања покажале дека ризикот од самоубиство или опасна повреда е поголем за луѓе на возраст од 25 до 32 години, без разлика дали се музичари или не, па можеби и овој податок има некакво влијание.

15. Еден период се појави малку бизарна теорија на заговор во врска со клубот.

Наводно, повеќето членови, вклучувајќи ги Џими Хендрикс, Џенис Џоплин, Џим Морисон и Курт Кобејн, со себе имале бела пластична запалка кога починале, па некои луѓе сметале дека тоа е поврзано со нивната смрт.

Митот дефинитивно е лажен, бидејќи пластичните запалки кои не се полнат почнале да се продаваат после нивната смрт.

ejmi-vajnhaus-se-plashela-deka-kje-umre-na-27-godini-pomalku-poznati-fakti-za-klubot-27-06.jpg

16. Се верува дека првиот член на клубот е Александар Леви, композитор кој починал на 17-ти јануари 1892-ра.

17. Клубот 27 е инспирација и за хорор-филм – The 27 Club – во кој ликовите се обидуваат да ја одгатнат мистеријата поврзана со феноменот. Сепак, филмот се покажа како ужасен и речиси и да нема личност на која ѝ се допадна.

18. Постои теорија на заговор според која Курт Кобејн си го одзел животот само за да стане дел од клубот. Но, Чарлс Р. Крос, авторот кој ја напиша биографијата на Кобејн, тврди дека ова е лага.

ejmi-vajnhaus-se-plashela-deka-kje-umre-na-27-godini-pomalku-poznati-fakti-za-klubot-27-05.jpg

19. Уште една бизарна теорија на заговор - некои луѓе веруваат дека Клубот 27 е всушност клетва, за која е одговорен блуз музичарот Роберт Џонсон, кој исто така умрел на 27 години.

Оние кои веруваат во теоријата на заговор тврдат дека Роберт направил договор со ѓаволот, па оттаму неговиот неверојатен талент. Овој договор, пак, ја предизвикал и клетвата.

20. Во 2015-та, раперот Мак Милер го спомна клубот во една од неговите песни, со стихот: „Се надевам дека нема да му се придружам на клубот 27“.

Она што ја прави ситуацијата морничава е тоа што тој почина во 2018-та, само неколку месеци пред да наполни 27 години.

21. Бидејќи Џим Морисон, Брајан Џоунс, Џими Хендрикс и Џенис Џоплин починаа на 27-годишна возраст, во период од две години, постои теорија на заговор според која ЦИА е одговорна за нивната смрт.

Односно, некои луѓе веруваат дека, поради некоја причина, ЦИА направила операција за да ги убие популарните музичари во 60-тите.

ejmi-vajnhaus-se-plashela-deka-kje-umre-na-27-godini-pomalku-poznati-fakti-za-klubot-27-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...

Најчитани неделава