Девојка понижува продавачка со кредитната картичка на сопругот - но, брзо ќе се покае...(видео)

Продавачките многу често се соочуваат со дрски и безобразни клиенти, тие ги малтретираат и им го уништуваат денот... Од таков калибар е и оваа „спонзоруша“ како што ја нарекуваат во видеото, но животот ја научи на добра лекција.

sponzorusha-ponizhuva-prodavachka-so-kreditna-kartichka-na-soprugot-no-brzo-kje-se-pokae-video-01.jpg

Dhar Mann е дечко со повеќе од 8 милиони следбеници на Фејсбук, а вели дека вкупно на социјалните мрежи го следат повеќе од 35 милиони луѓе. Целта му е преку снимање на поучни видеа позитивно да влијае врз општеството.

Тој дефинитивно знае како на вистински начин да ги прикаже работите.

Во едно од најновите видеа тој претставува „спонзоруша“, која со кредитната картичка од сопругот мисли дека го освоила светот, па безмилосно ја навредува и малтертира продавачката во бутикот каде што пазари.

Некултурна е, ја растура облеката, ѝ врши притисок, се жали од неа и бара да разговара со менаџерот.

Но, животот е круг и нејзиниот сопруг ненадејно останува без работа, па таа мора да работи за првпат во животот. Пронаоѓа работа како продавачка и се соочува со дрски и безобразни клиенти. Сфаќа дека било погрешно што некогаш и таа така се однесувала, па оди да ѝ се извини на продавачката што ја малтретирала.

Одличен приказ дека животот е круг и дека не сме свесни за тежината на одредена професија сѐ додека не ја работиме ние самите.

Погледнете го ова поучно видео:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работела како продавачка додека студирала – Која е скромната (и таинствена) наследничка на Primark? Основачот на Primark има пет деца од две жени, а неговата најмала ќерка, Џес реш...
11 бонтон правила кои, за жал, дел од мажите во Македонија не ги знаат Бонтон правило: На шведска маса почитувањето на редот е едно од основните бонтон...
8 пронајдоци од TEMU, за сите кои сакаат дома да им биде под конец Дали се нервирате кога има работи расфрлани по шанк или маса, или кога висат каб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg