Работела како продавачка додека студирала – Која е скромната (и таинствена) наследничка на Primark?
Основачот на Primark има пет деца од две жени, а неговата најмала ќерка, Џес решила да ги следи неговите стапки. Иако „тежи“ неколку милијарди, Џес е мошне скромна личност и пробува да се држи настрана од јавност. Што знаеме за неа?

Иако кај нас уште нема своја продавница, Primark е меѓу најпознатите модни брендови во светот со цени достапни за широката јавност.
Седиштето на брендот е во Даблин, Ирска, а има речиси 500 продавници низ Европа и САД.
Основачот на брендот е Артур Рајан и благодарение на империјата што ја изгради, неговото семејство сега има милијарди.
Артур почина во 2019-та, на 83-годишна возраст, а целиот живот го помина криејќи се од јавноста. Ретко даваше интервјуа, а живееше во Даблин, во раскошен дом што му ја нудеше целата приватност што ја сакаше.
Артур двапати беше во брак – со првата сопруга Роуз доби четири деца, а со втората сопруга, Алма, доби ќерка.
И децата на милијардерот го следат неговиот пример и генерално се држат настрана од јавност, но најпозната од нив е најмалата ќерка Џес.
Нејзината мајка, Алма, има пеено на Евровизија – ја претставуваше Ирска со дуото The Swarbriggs и го освоија третото место.
Па, самата Џес мислела дека ќе ги следи стапите на мајка си во светот на шоубизнисот.
Одела на часови по глума, а учела и да танцува, но по неколку проекти сфатила дека ова не е професија за неа.