7 добри манири за кои повеќето луѓе не знаат дека постојат или ги игнорираат
Колку и да се сметате за добро воспитана, културна личност, верувајте дека на оваа листа ќе најдете нешто што сигурно не го знаете и практикувате.

Ова се неколку добри манири кои се едноставни, се практикуваат во секојдневието, а веројатно вие ги пропуштате:
1. Малите чантички се држат во рака, не се притискаат под раката.
Ако сте во движење, чантата треба да ја држите со една рака, но ако стоите мирно, треба да ја држите со двете раце пред вас.

2. Малите чанти со рачка се држат во рака, додека поголемите чанти со рачка се потпираат на раката, малку под зглобот.

3. Очилата за сонце наместо на главата, покултурно е да ги ставите на крагната од кошулата или џемперот. Секако, ова важи само за лежерни пригоди.

4. Шолјата со кафе и чај се држат различно.

5. Кроасанот и печивата не се јадат со виљушка, ниту се кршат на половина, па се гризаат.
Правилниот начин е такашто ќе искршите едно залче од печивото, додека е над чинијата, и ќе го намачкате со малку путер или намаз. Потоа може да го изедете, залче по залче.

6. И навалувањето на чинијата со супа има точен и погрешен начин. Кога чинијата ќе се подиспразни, не би требало да ја навалувате кон вас, туку кон надворешната страна, како полесно би го собрале остатокот од супата, а и да не се покапете.

7. Мезињата не се мацкаат во садот со сос. Треба со лажичка да земете малку од сосот, да ставите во вашата чинија, па од таму да мацнете.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“
„Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото)
„Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото
Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су...
На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа
„Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и...
„Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
