„Луѓето ми велеа дека не можам да патувам со куче – го прошетав низ 32 земји досега“

Од една страна, можеби ќе ве онерасположи фактот што ова куче има прошетано повеќе земји од вас, но од друга страна, може да ви биде инспирација по пандемијата да го промените тоа.

lugjeto-mi-velea-deka-ne-mozham-da-patuvam-so-kuche-go-proshetav-niz-32-zemji-dosega-01.jpg

Јулија и Свен се пар од Германија кој е посветен на патување низ светот, но она што е впечатливо, е фактот дека со себе тие го носат и нивното куче.

Нивниот Инстаграм профил е како збирка со разгледници од прекрасни дестинации, а повеќето фотографии се во придружба на нивниот крзнен пријател.

Ако мислите дека е тешко патувањето со вашиот миленик до најблиското туристичко место во земјава, имајте на ум дека Јулија го има прошетано нејзиното куче Феликс во 32 земји низ светот.

Таа на Инстаграм објави кратко видео во кое пишува: „Луѓето ми велеа дека не можам да патувам со куче, а досега јас го прошетав низ 32 земји“.

Да, дефинитивно Феликс е „понашетан“ од многумина кои го читаат ова, па нека тоа ви биде инспирација по пандемијата да ја промените оваа „статистика“.

Погледнете ги најубавите фотки и видеа од Јулија, Свен и Феликс:

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
11 ситуации кои може да ви се случат на одмор и не се она што го планирате, низ илустрации Неколку месеци вежбате напорно за да имате фит тело на плажа, но доволна е само ...
Најчудно послужени оброци низ светот – ќе ве остават во прашалници наместо да ве примамат (фото) Би пробале ли помфрит послужен во лопата? Или специјалитет сервиран во сад за хр...
6 големи разлики меѓу животот во стан и куќа, низ забавни илустрации Чистењето на станот многу зависи од „куќниот ред“ во зградата и времето за одмор...
Тргнала на пат низ Америка со свршеникот, но тој ја убил и се вратил дома: Трагичната судбина на Габ... Габи Петито тргнала на патување од сништата со нејзиниот свршеник – сакале да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg