Азиски бонтон на маса: Грешки кои не смее да ги правите со стапчињата за јадење

Она што за Европејците е гласното сркање или држењето на лактите на масата, би било забодувањето на стапчињата во чинијата со ориз, кога гледаме од аспект на (не)културни манири.

aziski-bonton-na-masa-greshki-koi-ne-smee-da-gi-pravite-so-stapcinjata-001.jpg

Кога јадете со стапчиња, ова се 9 грешки кои не смее да ги правите од различни причини:

1. Забивање на стапчињата

Никогаш не ги забивајте во храната и не ги оставајте да стојат исправено. Ваквата нивна поставеност симболизира смрт.

2. Секој од својата чинија

Иако азиската храна доаѓа во милион мали чинии, секогаш од нив ставете прво во својата чинија, па потоа јадете. Никогаш не ги брцкајте стапчињата во заедничкиот сад.

3. Пробивање на храната

Азиската култура не дозволува пробивање на храната со стапчето. Односно, парчето месо не треба да го наденувате на стапчето, туку нежно да го фатите од страните со приборот.

4. Прекрстени стапчиња

Кога „одмарате“ од јадење, никогаш не ги оставајте стапчињата поставени во Х.

aziski-bonton-na-masa-greshki-koi-ne-smee-da-gi-pravite-so-stapcinjata-2.png

5. Секогаш во пар

Што и да јадете, никогаш не го правете тоа само со едно стапче. Распарот стапчиња во Азија се сметаат за несреќа.

6. Нема додавање

Храната никогаш не ја додавајте од вашите стапчиња на туѓите и обратно, во воздух. Ова се поврзува со будистички погребен ритуал.

7. Свирење на тапани со нив

Тропањето по масата со стапчињата како да свирите тапани е крајно некултурно.

8. Држење со устата

Стапчињата никогаш, ама баш никогаш не смее да ги придржувате со устата. Најдобро е да ги спуштите во чинијата.

9. Не ги „мијте“ стапчињата

Ако ви се залепи храна, најдете друг начин како да ја одлепите. Миењето со течноста која ви е при рака се смета крајно непристојно.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...

Најчитани неделава