Taтко за медал: Ѝ даде на ќеркичката со алопеција да му ја избричи главата за да личи на неа (видео)

„Ти си храбра, ти си убава...“ - татко ѝ е најголема поддршка на својата ќеркичка која се соочува со алопеција. Ѝ дозволува дури и таа самата да му ја бричи главата за да ѝ докаже дека косата не е важна и дека таа е убава.

tatko-si-ja-brichi-glavata-za-da-i-dade-poddrshka-na-kjerkichkata-so-alopecija-video-01.jpg

Ова е најубавото видео што ќе го видите денес! Таткото на малата Лиа која има алопеција ја бричи главата за да ѝ даде поддршка.

Тој сака да ѝ посочи дека косата не е важна и ја учи дека е убава таква каква што е.

На моменти и таа му помага во бричењето на главата, а на крајот го прегрнува и го милува по неговата глава, која сега личи на нејзината.

Ова видео е доказ за моќта на родителската љубов и за посветеноста кон децата.

Инаку, алопеција е автоимуна болест, при која имунолошкиот систем, кој е задолжен да го штити организмот од надворешни елементи како што се вирусите и бактериите, по грешка ги напаѓа фоликулите на косата и ова може да доведе до опаѓање на косата на главата и на сите други места.

Погледнете го овој татко за медал:

Прочитајте и Македонска новинарка со емотивна исповед: „Ова сум јас, се сликам без перика, од кога знам за себе живеам со алопеција“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
11 бонтон правила кои, за жал, дел од мажите во Македонија не ги знаат Бонтон правило: На шведска маса почитувањето на редот е едно од основните бонтон...

Најчитани неделава