„Мислат дека внукот ми е син, а ќерка ми сестра“ - жена од Сиднеј се соочува со интересни коментари

Жена од Сиднеј има две големи ќерки, за кои луѓето мислат дека ѝ се сестри. Која е мајката, кои се ќерките?

vnukot-mislat-deka-mi-e-sin-a-kjerka-mi-sestra-zhena-od-sidnej-se-soochuva-so-interesni-komentari-01.jpgКејси со внукот и двете ќерки (десно)

Кејси Мари Секолд од Сиднеј е баба на 1-годишниот Ештон, но поради тоа што станала баба на млади години, а и има младешки изглед, многумина мислат дека таа му е мајка.

35-годишната Кејси има две ќерки и тоа 18-годишната Накита, чиј син е Ештон, и 19-годишната Анализ.

„Кога сум излезена со Ештон и со неговата мајка Накита луѓето мислат дека јас сум му мајка и на мене ми се обраќаат, а пак за Накита мислат дека ми е сестра, а не ќерка.“

vnukot-mislat-deka-mi-e-sin-a-kjerka-mi-sestra-zhena-od-sidnej-se-soochuva-so-interesni-komentari-02.jpg

vnukot-mislat-deka-mi-e-sin-a-kjerka-mi-sestra-zhena-od-sidnej-se-soochuva-so-interesni-komentari-05.jpg

vnukot-mislat-deka-mi-e-sin-a-kjerka-mi-sestra-zhena-od-sidnej-se-soochuva-so-interesni-komentari-04.jpg

Кејси станала баба многу порано од другите, но вели дека и таа самата многу рано се изреализирала во улогата на мајка, па ја разбира ќерка си.

vnukot-mislat-deka-mi-e-sin-a-kjerka-mi-sestra-zhena-od-sidnej-se-soochuva-so-interesni-komentari-08.jpg

„Јас многу добро знам како е да се биде млада мајка и кои се предизвиците.

Убаво е што имате многу енергија за да го држите темпото на децата и убаво е што ги разбирате кога се тинејџери, затоа што уште добро се сеќавате на вашите тинејџерски години. Двете мои ќерки во мене гледаат пријател и секогаш ми се обраќаат за совет.

Но, од друга страна тешко е да се биде млада мајка затоа што додека вашите пријатели шетаат и патуваат, вие имате обврски дома“, вели Кејси.

Интересно е што и Кејси има млада мајка. Таа ја родила Кејси на само 21 година.

vnukot-mislat-deka-mi-e-sin-a-kjerka-mi-sestra-zhena-od-sidnej-se-soochuva-so-interesni-komentari-07.jpgKejси со мајка ѝ (десно)

Кејси открива дека кога луѓето ја прашуваат дали би сторила нешто поинаку во животот таа им вели „не“ и објаснува дека навистина ужива во улогата на млада мајка и баба.

vnukot-mislat-deka-mi-e-sin-a-kjerka-mi-sestra-zhena-od-sidnej-se-soochuva-so-interesni-komentari-06.jpgKejси со постарата ќерка Анализ (десно)

vnukot-mislat-deka-mi-e-sin-a-kjerka-mi-sestra-zhena-od-sidnej-se-soochuva-so-interesni-komentari-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тажната жена последна се смее – Дора Мар, талентирана Југословенка чиј живот за малку ќе го уништел ... На Теодора Марковиќ, ќерката на познатиот хрватски архитект Јосип Марковиќ, изгл...
5 работи од кои луѓето се срамеа, а сега се кул Порано тенките веѓи беа хит, а дебелите асоцираа на несредена жена, но сега ситу...
Луѓе за кои нема да погодите колку години имаат (фото) Колку години би ѝ дале на Ноне Неделковска доколку некој ви покаже фотографија и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg