Снежниот човек Јети, чудовиштето од Лох Нес и уште 3 морничави урбани легенди

Секоја култура, без оглед на кој крај од светот, има свои легенди, урбани митови и хорор приказни, пренесувани од генерација на генерација со години, со векови, секоја раскажува за некоја натприродна сила, митски чудовишта или задгробен живот.

snezhniot-chovek-jeti-chudovishteto-od-loh-nes-i-ushte-3-mornichavi-urbani-legendi-01.jpg

Илјадници приказни за духови, самовили и вампири, необични суштества, чудовишта и чудни појави кружат низ светот, а за ниту една од нив нема ниту потврда, ниту логично објаснување.

Во продолжение 5 такви приказни кои треба да ги знаете:

Јети – Снежниот човек од Хималаите

Искачувањето на Хималаите е сон на секој планинар, алпинист и авантурист. Да се освојат нивните височини и покрај ниските температури и снежната покривка е подвиг достоен за херои.

Но, вистински херои се Шерпасите, непалска етничка група, кои се водичи на планинарите низ Хималаите. Тие ги познаваат планините како што ја познаваат својата дланка.

Токму тие ја раскажуваат старата легенда за Јети, планинскиот снежен човек, чувар на Хималаите.

snezhniot-chovek-jeti-chudovishteto-od-loh-nes-i-ushte-3-mornichavi-urbani-legendi-03.jpg

Тие го опишуваат Јетито како огромен, бушав човеколики мајмун кој достигнува висина до два метра и има заби остри како сабја. Во снегот тие ги забележале неговите стапалки кои имале големина од 35 сентиметри.

Според старата легенда, група на Јети неколкупати го напаѓала селото на Шерпасите, па така за да се спасат од огромните снежни чудовишта, тие им дале алкохол, ги опијаниле и тие почнале да се напаѓаат меѓусебно.

По овој настан, оние Јети кои преживеале, се повлекле во планината, без трага и глас, само понекогаш напаѓајки осамени Шерпаси во планинските снежни предели како одмазда.

Долго време различни новинари се обидувале да дојдат до доказ за постоењето на Јети, ама безуспешно.

Иако без доказ, останува да живее митот за Јети или како што локалците го нарекуваат metoh-kangmi, што во превод буквално значи „човек-мечка-снег-човек“.

snezhniot-chovek-jeti-chudovishteto-od-loh-nes-i-ushte-3-mornichavi-urbani-legendi-02.Jpg

Кулдхара – мистериозно исчезнатиот индиски град

Основите на индискиот град Кулдхара биле поставени во 13 век, но од далечната 1825 година никој не живее таму, тој е напуштен град, целиот во рушевини.

Мистеријата што го следи овој град е што целото население кое живеело таму исчезнало одеднаш, преку ноќ, без трага и глас.

Според приказните на жителите од локалните села и градови, околу илјада жители на Кулдхара едноставно исчезнале и никој не знае каде отишле или зошто.

Никој не ги видел како заминуваат, а што е уште почудно, што никој повторно не се вселил во тој град.

Старата легенда вели дека поглаварот го проколнал земјиштето, па секој што се обидел да живее на таа територија ќе умре.

Тим од индиското здружение за паранормални активности го посетил проколнатиот град и поминале една ноќ таму.

Тие раскажале дека цела ноќ слушале вресоци, плачење и шепотење, а некои додале дека почувствувале и допири и чекори.

snezhniot-chovek-jeti-chudovishteto-od-loh-nes-i-ushte-3-mornichavi-urbani-legendi-04.jpg

Чупакабра – вампирско суштество од Латинска и Северна Америка

Првпат ова крволочно суштество се појавило во Порторико во 1995 година, а подоцна било видено на различни локации во Латинска и Северна Америка.

Преведено од шпански јазик, зборот чупакабра значи „цицач на кози“ и на почетокот се верувало дека тие се повампирени рептили кои ја цицаат крвта на козите и помали животни.

Во 1995 година, осум кози биле најдени мртви, буквално без крв, со три мали ранички на градите како дупчиња. Изгледало како крвта да била исцицана од нив.

Неколку месеци подоцна околу 150 домашни животни се пронајдени мртви на истиот начин. Според легендата, животните биле нападнати од чупакарба, на територија на Латинска Америка до јужните делови на САД.

Во раните 2000-ти, сведоци ја опишаа чупакабра како куче без влакна, изгорена кожа и демонски поглед што гори.

Латинските Американци навистина веруваат во ова митско суштество и ја шират легендата за негово постоење до ден денес.

snezhniot-chovek-jeti-chudovishteto-od-loh-nes-i-ushte-3-mornichavi-urbani-legendi-05.jpg

Чудовиштето од Лох Нес

Оваа е најпознатата легенда ширум светот и со децении наназад има обиди да се докаже постоењето на водното чудовиште во Лох Нес.

Приказните за постоење на чудовиште во Лох Нес, познато како Неси, датираат од пред 1.500 години, а првите современи видувања се од 1930-ите.

Најпознатата „снимка“ од Неси е од 1934 година, но шест децении подоцна беше потврдено дека е лажна, кога нејзиниот автор на смртна постела призна за измамата.

За Неси се раскажува дека е подводно чудовиште кое живее во второто најдлабоко езеро во Шкотска.

Се верува дека тоа живее во недопирливите длабочини и дека ретко се појавува на површината.

Многу научници се обиделе да ја одгатнат оваа мистерија, некои тврдат дека е вид на стара желка, а други пак дека е огромна јагула.

Вистина или само уште еден мит сè уште не е докажано, но Неси е вистинска туристичка атракција во Шкотска.

snezhniot-chovek-jeti-chudovishteto-od-loh-nes-i-ushte-3-mornichavi-urbani-legendi-07.jpg

Крампус – злобниот двојник на Дедо Мраз

Дедо Мраз е омилениот старец со бела брада и голем стомак кој со својата санка и волшебните ирваси носи подароци за Нова година и Божиќ.

Но, дали сте слушнале за Крампус, демонскиот двојник на божиќниот старец кој National Geographic го опиша како вистински ѕвер, половина демон половина коза.

И додека Дедо Мраз ги наградува умните дечиња исполнувајќи ги нивните желби, Крампус ги казнува лошите деца, тепајќи ги со прачки и испраќајќи ги во пеколот.

Ова демонско чудовиште е застапено во австриската и германската култура и традиционално се појавува на петти декември да ги испрати лошите деца во подземниот свет.

Иако не е потврдено, се верува дека легендата за Крампус се појавила со појавата на Маврите во европските градови, кои ги киднапирале локалните жители и ги продавале како робови.

snezhniot-chovek-jeti-chudovishteto-od-loh-nes-i-ushte-3-mornichavi-urbani-legendi-08.jpg

Овие стари легенди се раскажуваат со години наназад, некои само да ги заплашат децата, но други дури и возрасните.

Секој мит е една приказна, и никој не може да докаже дали е вистинита или не. Многумина сведочат за постоењето на овие митски чудовишта и проклетства.

Дали вие верувате во нив?

И. Ј. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg