Претпазлива и мудра – Значење на името Соња

Името Соња (Сонечка) е словенска, односно руска варијанта на името Софија. Софија има грчко потекло и потекнува од зборот „Sophia“, што значи „мудрост и претпазливост“, па оттука доаѓа и значењето на името: „Онаа која е мудра“.

Znacenje-na-imeto-Sonja-01.jpg

Иако се воздржани по природа, оние коишто го носат името Соња им го привлекуваат вниманието на другите со својата интуиција, мудрост и разноликост.

Кога станува збор за љубовта, жените коишто го носат тоа име честопати се сонувачи со главата во облаци и привлекуваат партнери токму поради нивната духовност и фактот што Соња како личност воопшто не е оптоварена со материјални работи или богатства.

Во партнерските односи, Соња е многу посветена, па дури и по малку посесивна и љубоморна, а неретко има и нереални идеи и високи очекувања од љубовта. 

Нумерологијата тврди дека луѓето што го носат името Соња се филозофски настроени, одлични мислители и проткаени со духовност.

Доколку и вие имате некоја Соња која ви го разубавува животот со длабоки, умни мисли, означете ја во коментар и посакајте ѝ убав викенд.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола, Ана: Имиња кои означуваат среќа и се благослов за тие што ги носат Лука - Име кое често се поврзува со светлина и добри работи, а последниве години...
Јадат 10.000 калории дневно, тежат по 150kg и носат 5XL облека: Како изгледа животот во „престолнина... „Овде е нормално да бидете дебели, луѓето не слабеат бидејќи никој не ги осудува...
Хурем Султан, Вивиен од Pretty Woman - Како би изгледале познатите женски ликови без шминка? Некои женски филмски ликови се многу специфични поради шминката што ја носат. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg