„На прв состанок мора да ме одведе на вечера“ - Хрватска инфлуенсерка стана мета на онлајн критики

„Навистина имаш глупави стандарди за тоа како треба да изгледа состанувањето.“ Девојка од Хрватска беше нападната поради тоа што вели дека девојките не треба да прифатат ништо помалку од вечера. Како за вас изгледа совршениот прв состанок?

na-prv-sostanok-mora-da-me-odvede-na-vechera-hrvatska-influenserka-stana-meta-na-onlajn-kritiki-01.jpg

Корнелија Слуњски од Хрватска моментално живее во Мајами и има 62.000 следбеници на својот Инстаграм профил.

Таа на своите следбеници овојпат реши да им даде совет како треба да изгледа првиот состанок со момче и која е причината за таквиот нејзин став.

Koрнелија им порачува на девојките дека не им требаат мажи кои воопшто не се трудат околу нив.

„Не прифаќам кафе или прошетка како опција за прв состанок, а не треба ниту вие. Прво, јас не сум куче на кое му е потребно да биде прошетано, плус имам кафемат дома – работи совршено“, вели таа и додава дека прифатлива опција за состанок за неа е само вечера.

„Ќе дојдеш да ме земеш, па кога ќе пристигнеме во ресторанот ќе ги видам твоите манири на маса, па ќе видам што ќе порачаш, ќе видам дали го држиш приборот правилно“, вели таа.

Поентата на Корнелија е дека со ваков тип на состанок таа ќе може добро да го проучи дечкото со кого е на состанок.

Но, поголемиот дел од нејзините следбеници не се согласија со неа и ѝ напишаа:

„Ова е толку некултурно и без почит. Како кон мажите, така и кон жените кои повеќе би сакале кафе или прошетка.“

„Навистина имаш глупави стандарди за тоа како треба да изгледа состанувањето.“

Од друга страна имаше и такви кои ја поддржаа со коментари од типот: „Работите кои ги спомена таа се нормални. Девојките навистина не треба да се задоволуваат со помалку.“

Што мислите вие за овој став околу првиот состанок?

Повеќе фотки од Корнелија на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Инфлуенсерка сподели грозен хотелски трик – перење долна облека во кафемат, се соочи со критики (вид... Инфлуенсерка се соочи со куп критики, а се шпекулира дека добила тужба од хотел,...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Бев инфлуенсерка и го експлоатирав син ми за кликови – има Даунов синдром, го снимав и кога плачеше... „Кога веќе имав 100.000 следбеници, син ми Диего си дојде дома со плачење – го и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg