7 совети и трикови за безбедност што би требало да ги знаете

Животот е непредвидлив и никогаш не знаете што може да се случи. Ова не значи дека треба да бидете песимист, но добро би било да знаете некои работи кои би можеле да ви се најдат во опасни ситуации.

7-soveti-i-trikovi-za-bezbednost-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-01.jpg

Во случај да бидете нападнати, некој да ви изгледа сомнително и слично, добро би било да знаете како можете барем малку да си помогнете.

Во продолжение следат седум совети и трикови кои можат да ви се најдат во вакви ситуации:

Клучеви за самоодбрана

Ова е популарен трик за самоодбрана, но ако ги држите клучевите како на горната фотографија, нема да ви биде од голема помош. На овој начин постои голема веројатност да си ги повредите прстите. Истовремено, ако треба да реагирате побрзо, ќе ви биде потешко да ги фатите клучевите како на горната фотографија.

Од друга страна, многу поедноставно е да го држите клучот како на долните фотографии.

7-soveti-i-trikovi-za-bezbednost-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-02.jpg

Што ако таксистот се однесува сомнително?

Секојпат пред да влегувате во такси, за секој случај обрнете внимание на регистарските таблички. Ако ви се чини дека таксистот се однесува сомнително, напишете му порака на пријател, партнер или кој било, кажете каде се наоѓате и кажете му го бројот на регистарските таблички.

7-soveti-i-trikovi-za-bezbednost-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-03.jpg

Пари за итен случај

Бидејќи сите имаме смартфони кои се постојано со нас, во маската на телефонот ставете некоја сума пари. Во случај да ви го украдат паричникот во друг град или слично, барем ќе имате некој денар за да се снајдете полесно.

7-soveti-i-trikovi-za-bezbednost-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-04.jpg

Барање помош на улица

Ако сте надвор и ви треба помош од која било причина, немојте само да викате на глас. Наместо тоа, довикнете му на најблискиот минувач – вака е поверојатно дека ќе ви помогне.

7-soveti-i-trikovi-za-bezbednost-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-05.jpg

Што ако се најдете во автомобил кој тоне?

Кога автомобилот потонува, речиси невозможно е да го отворите прозорецот. Затоа најдобро е во автомобилот секојпат да имате нешто тешко или каков било предмет со кој ќе можете да го скршите прозорецот во ваква ситуација.

7-soveti-i-trikovi-za-bezbednost-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-06.jpg

Едноставен трик што сите го забораваат

Кога се симнувате по скали, немојте да ги држите рацете во џебовите. Бидејќи, ако паднете, ќе ви треба повеќе време да ги извадите за да се заштитите, па најверојатно и ќе се повредите повеќе.

7-soveti-i-trikovi-za-bezbednost-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-07.jpg

Ако нешто ви е сомнително, заборавете на учтивоста

Штом некоја личност ви изгледа сомнително, тргнете се од неа и не грижете се дали ќе изгледате неучтиво. Ако, на пример, не сакате да влегувате со некој во лифт, немојте да влезете само затоа што сакате да бидете учтиви.

7-soveti-i-trikovi-za-bezbednost-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
Бон-тон правила за на маса и во ресторан што треба да ги знаат сите Ако ве поканат на гости, не останувајте долго откако ќе завршите со јадење, а ак...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg