Морето е лек – како влијае врз нашето здравје и нè подмладува?

Најочигледната причина поради кој го сакаме морето? Пливањето, нормално. Но, тоа секако не е и единствената.

Moreto-e-lek-kako-vlijae-vrz-nasheto-zdravje-01.jpg

Замислете си – недогледно, пространо синило пред вас. Кристално чиста вода. Шетање на песок, додека ве милуваат сончевите зраци, додека дува чистиот морски воздух и најбитно – додека шумолат морските бранови.

Особено лековито е седењето покрај морето и едноставното набљудување на брановите. На овој начин останувате сами со своите мисли и потонувате во некоја зен медитативна состојба, со што телото се олабавува, се релаксира, а стресот автоматски се повлекува.

Воздухот покрај море или океан изобилува со таканаречени негативни јони, кои докажано ги ублажуваат симптомите на депресија. Ова ќе се одрази на телото преку добар сон, како и значително подобрено расположение. Морето волшебно ќе воспостави и рамнотежа на хормонот на среќата и задоволството.

Морската сол го поттикнува зараснувањето на кожата, повлекувањето на егземите, што значи дека доколку страдате од дерматитис или какви било други проблеми поврзани со кожата, најдобро ќе се ревитализирате покрај море.

Морето е и одличен лек за синуси, алергии и настинки, односно може да ги ублажи нивните симптоми. Благодарение на сонцето пак организмот ќе ја добие и неопходната количина на витамин Д кој делува на коските, мускулите и имунитетот.

Морето го подобрува како физичкото, така и менталното здравје. Со еден збор морето е лековито и доколку имате шанса да го поминете одморот на море, не ја пропуштајте.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg