Што се случува кога ќе нè касне комарец и зошто чувствуваме чешање?

Покрај многуте убави нешта што ги поврзуваме со летото, со оваа сезона, за жал, доаѓаат и комарците.

shto-se-sluchuva-koga-kje-ne-kasne-komarec-i-zoshto-chuvstvuvame-cheshanje-01.jpg

Сите многу добро знаеме што се случува по убодот од комарец – црвенило и неподносливо чешање поради кое неретко си правиме и рани.

Но сте се запрашале ли што точно го предизвикува тоа чешање и што се случува кога ќе му се „допаднеме“ на некој комарец?

Можете да дознаете во продолжение:

Како комарците ја наоѓаат „метата“?

Според експертите, комарците користат неколку трикови за да ги лоцираат луѓето, како следење на топлината што ја зрачи нашето тело и јаглеродниот диоксид што го издишуваме. Некои истражувања покажале дека комарците имаат и рецептори на антените кои реагираат на мирисот на човечката пот.

Најпрво комарците го детектираат јаглеродниот диоксид што го издишуваме и се движат кон неговиот извор (човекот), а кога ќе почнат да ја чувствуваат топлината што ја зрачиме, ја следат неа. Кога ќе слетаат на кожата тие почнуваат да го бараат најдоброто место за да ве боцнат.

shto-se-sluchuva-koga-kje-ne-kasne-komarec-i-zoshto-chuvstvuvame-cheshanje-02.JPG

Што се случува додека ја цицаат крвта?

Комарците немаат само една боцка, туку цел систем составен од шест мали делчиња кои наликуваат на иглички.

Со две од овие иглички, комарците ја прободуваат кожата, а бидејќи се многу остри, ние речиси и да не го чувствуваме убодот. Другите две иглички го држат ткивото одвоено, додека со петтата, која наликува и на сламка, го прободуваат крвниот сад и почнуваат да ја цицаат крвта.

shto-se-sluchuva-koga-kje-ne-kasne-komarec-i-zoshto-chuvstvuvame-cheshanje-04.JPG

Со шестата игличка, пак, почнуваат да лачат плунка која го спречува згрутчувањето на крвта и делумно ја отрпнува кожата на местото околу убодот – уште една причина зошто некогаш не го чувствуваме самото боцкање.

shto-se-sluchuva-koga-kje-ne-kasne-komarec-i-zoshto-chuvstvuvame-cheshanje-03.JPG

Наводно, комарците не боцкаат по случаен избор, туку имаат рецептори кои реагираат на крвта и ги водат до крвните садови.

Што откако ќе нè боцнат?

Сите знаеме што следува по убодот од комарец – црвенило и неподносливо чешање. Но зошто всушност настануваат овие симптоми?

Главен виновник за чешањето е плунката на комарецот што ја спомнавме претходно. На некој начин, ние сме алергични на состојките на плунката, па по убодот боцнатото место отекува, поцрвенува и почнува да чеша.

Наводно, некои луѓе немаат алергиска реакција од плунката на комарците, па речиси да не чувствуваат чешање.

shto-se-sluchuva-koga-kje-ne-kasne-komarec-i-zoshto-chuvstvuvame-cheshanje-05.JPG

Дали е во ред да се чешате по убод од комарец?

Најверојатно нема да направите голем проблем ако се чешате, но на овој начин ќе го забавите време на заздравување на боцнатото место.

За да го намалите чешањето можете да нанесете ладна облога на боцнатото место. Можете и да направите паста од сода бикарбона и вода, која ќе ја нанесувате неколкупати дневно, додека да се намали чешањето.

Ако забележите невообичаена реакција по убодот од комарец, како многу голем оток или треска, најдобро е да одите на лекар.

shto-se-sluchuva-koga-kje-ne-kasne-komarec-i-zoshto-chuvstvuvame-cheshanje-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...
10 начини на кои алфа жените поставуваат граници само со зборови „Нема да можам да го направам тоа“ - Јасно и без вина одбиваат кога нешто не им ...

Најчитани неделава