Што забележуваат прво гостите во вашиот тоалет, кујна, дневна соба?

Тоалет, кујна, детска соба, спална соба, дневна соба, домашна канцеларија – во што прво „зјапаат“ луѓето кога ќе дојдат на гости кај вас дома, а на што обрнуваат најмалку внимание?

shto-zabelezhuvaat-prvo-gostite-vo-vashiot-toalet-kujna-dnevna-soba-01.jpg

Истражувањето на британскиот сајт за анализа Confused.com открива што забележуваат прво гостите кога го посетуваат вашиот дом.

Со специјална технологија за следење на очите тие откриваат кои делови од собите во вашиот дом најмногу го привлекуваат вниманието на посетителите.

На што се фокусираат гостите во собите во вашиот дом најмногу, а на што најмалку?

Тоалет

На врвот на листата е огледалото. Потоа следуваат фиоките односно плакарчето кај мијалникот, па мијалникот, плочките, тоалетната шолја, па тушот, па прозорчето во тоалетот, се разбира доколку има такво.

Најмалку внимание се посветува на осветлувањето, чешмите и држачот за тоалетна хартија.

shto-zabelezhuvaat-prvo-gostite-vo-vashiot-toalet-kujna-dnevna-soba-02.jpg

Детска соба

На врвот на листата е креветот. Потоа библиотеката, доколку има, па ќилимот и подот, па ако има столче за доење, масичка за преоблекување.

Најмалку внимание привлекуваат завесите, лустерите и уметничките дела. Интересно е што уметничките дела во речиси сите соби привлекуваат малку внимание, освен во домашната канцеларија каде се во фокусот, односно 4-ти на ранг листата на предмети што го привлекуваат вниманието.

shto-zabelezhuvaat-prvo-gostite-vo-vashiot-toalet-kujna-dnevna-soba-03.jpg

Кујна

Најмногу внимание привлекува подот. Потоа следуваат кујнските елементи, па мијалникот. На четвртото место е работната површина, па прозорците, декоративните полици, рерната и осветлувањето.

Најмалку внимание се обрнува на тавчињата и тенџерињата, декоративното цвеќе, уметничките дела итн.

shto-zabelezhuvaat-prvo-gostite-vo-vashiot-toalet-kujna-dnevna-soba-04.jpg

Домашна канцеларија

Чудно е што најмногу внимание привлекува столчето, а не самото биро. Високо рангиран е и комјутерскиот монитор, полиците, уметничките дела, килимот.

Најмалку внимание привлекува тастатурата и декоративното цвеќе.

shto-zabelezhuvaat-prvo-gostite-vo-vashiot-toalet-kujna-dnevna-soba-05.jpg

Спална соба

Најмногу внимание привлекува креветот, па прозорците, декоративните перници, прекривката, ламбите до креветот и ноќните масички.

Најмалку внимание привлекуваат уметничките дела, подот и завесите.

shto-zabelezhuvaat-prvo-gostite-vo-vashiot-toalet-kujna-dnevna-soba-06.jpg

Дневна соба

Најмногу внимание привлекува гарнитурата за седење, па масичката, килимите, каминот доколку има и декоративните перници.

Најмалку внимние привлекува телевизорот и орманчето под него, завесите и повторно уметничките дела.

shto-zabelezhuvaat-prvo-gostite-vo-vashiot-toalet-kujna-dnevna-soba-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
11 чудни и (скоро) неупотребливи дизајни, што ќе ве насмеат Кревет закачен на ѕидот, прекинувач за фен во бањата „скриен“ скоро на таванот в...
Фото-докази дека не секој заслужува да биде дизајнер и архитект Бања и кујна во иста просторија, тоалет со проѕирен таван сместен под главниот в...

Најчитани неделава