„Мажот имаше тајна ќерка и друго семејство“ – дадилки откриваат какви се екстремно богатите семејства за коишто работеле


„Мажот имаше тајна ќерка и друго семејство“ – дадилки откриваат какви се екстремно богатите семејства за коишто работеле

Родители кои воопшто не си ги гледаат децата, деца со толку многу обврски што немаат ни време за играње, расфрлање со пари – неколку дадилки споделуваат кои се најлудите работи што ги виделе во богатите семејства.

mazhot-imashe-tajna-kjerka-i-drugo-semejstvo-dadilki-otkrivaat-kakvi-se-ekstremno-bogatite-semejstva-za-koishto-rabotele-01.jpg

Богатството не треба да го одредува карактерот на човекот, но за жал сведоци сме дека многупати може да се случи токму тоа.

Со чест на исклучоци, во многу богати семејства низ светот, луѓето имаат сосема поинакви вредности, а заради многуте обврски, семејните работи ги препуштаат на помошници.

Дадилките им се од голема помош на голем број семејства кои се зафатени со работни обврски, но во некои екстремно богати семејства, дадилките дури ја преземаат и улогата на родител.

Дадилките кои работеле за богати семејства низ светот навистина виделе сè и сешто, а неколку од нив решиле да споделат што е најлудото нешто со коешто се соочиле:

„Драмите во богатите семејства се како во серија. Таткото во семејство каде што работев имаше тајна ќерка, но и друго семејство“.

„Најчудни ми беа родителите кои не беа воопшто вклучени во животот на ќерка им. Таа се роди на почетокот од октомври, а до крајот на месецот веќе се грижев за неа 80 часа неделно.

Мажот беше дома само еден ден, а жената беше излезена секој ден од 6 наутро до 9 навечер“.

mazhot-imashe-tajna-kjerka-i-drugo-semejstvo-dadilki-otkrivaat-kakvi-se-ekstremno-bogatite-semejstva-za-koishto-rabotele-02.JPG

„Буквално се расфрлаа со пари. Столот од 500 долари имал грда боја? Фрли го и купи нов. Ќерките се караат за некоја играчка? Однеси ги во продавница за да се смират и купи им еден куп нови играчки“.

„Најчудна ми е облеката на децата. Девојчињата за коишто се грижам имаат брендирана облека од Burberry, Ralph Lauren… 6-годишното девојче има ранец од 85 долари“.

„Богатите навистина немаат претстава како обичните луѓе ги гледаат парите. Им спомнав на сопствениците на куќата дека ќе одам во библиотека и беа вистински збунети зошто едноставно не сум си ги купила сите книги.

Исто така, ми даваа плата на неколку месеци, па не им беше јасно зошто сакав да ме плаќаат месечно“.

mazhot-imashe-tajna-kjerka-i-drugo-semejstvo-dadilki-otkrivaat-kakvi-se-ekstremno-bogatite-semejstva-za-koishto-rabotele-03.JPG

„Пренатрупан распоред за децата. Сфаќам дека сакаат да бидат успешни, но секој ден им беше полн обврски – часови по пијано, балет, тенис, кинески јазик… Немаа време ни да си играат“.

„Работам за многу богато семејство. Девојчињата што ги чувам мислат дека се сиромашни бидејќи немале игралиште за тенис како некои нивни пријатели“.

mazhot-imashe-tajna-kjerka-i-drugo-semejstvo-dadilki-otkrivaat-kakvi-se-ekstremno-bogatite-semejstva-za-koishto-rabotele-04.JPG

„Работев за вдовица чиј сопруг бил милијардер и им го оставил целото наследство неа и на децата. Искрено, жената ги гледаше децата само 10 минути дневно.

Покрај мене, имаше вработено уште две дадилки и возач кој ги разнесуваше децата по потреба. Ние бевме одговорни за сè во врска со децата, а жената си излегуваше буквално секоја вечер“.

„Работев за познат сценарист и неговата сопруга. Имаа една 10-годишна ќерка и јас требаше да се однесувам како да сум ѝ родител.

Родителите постојано работеа и немаа време ни да ја воспитуваат, па сето тоа беше моја обврска“.

„Сестра ми работеше за холивудска актерка и уште е шокирана од тоа колку беше скржава. Сестра ми работеше и по 12-13 часа дневно, без разлика што договорот ѝ беше за 8 часа. На крајот од месецот не добиваше ништо за прекувременото работење. Кога ѝ спомна на актерката за тоа, си доби отказ“.

mazhot-imashe-tajna-kjerka-i-drugo-semejstvo-dadilki-otkrivaat-kakvi-se-ekstremno-bogatite-semejstva-za-koishto-rabotele-5.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Семејство има колекција од Дедо Мразовци, вредна 100.000 евра Од минијатурни Дедо Мразовци до фигури високи по 2 метри, нивниот дом изгледа ка...
„Сега сме како вистинско семејство“ – 26-годишна девојка посвоила 9 сирачиња од Африка Кога Лети Мекмастер почнала да волонтира во Африка, веројатно не ни помислувала ...
Жените родени во мај полесно стануваат шефови отколку што наоѓаат мажи – што кажува месецот на раѓањ... Жените родени во месецот март се најчувствителни. Жените пак кои слават роденден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg