Чудни предмети чија мистерија ја решиле корисниците на социјални мрежи


Чудни предмети чија мистерија ја решиле корисниците на социјални мрежи

Кога не знаеш што е нештото – природно ти доаѓа да го споделиш на социјалната мрежа или форум кои најмногу ги користиш и да чекаш некој генијалец да ти открие новитет.

cudni-predmeti-cija-misterija-ja-resile-korisnicite-na-socijalni-mrezi-001.jpg

Токму тоа се случило кога на Reddit биле споделени овие фотки од зачудените луѓе кои ги нашле предметите, наспроти „сезнајковците“ кои ја решиле мистеријата за што служат.

„Го најдов овој клуч, но не сум сигурен за што е.“

Тубуларниот клуч, како на фотографијата, служи за да се прават дупки во цевката за клуч, односно за да се создадат клучалките.

cudni-predmeti-cija-misterija-ja-resile-korisnicite-na-socijalni-mrezi-01.jpg

„Ова ми се појави во лабораторијата и не знам како да го искористам.“

Според Google, служи за некој вид на истражување на гас.

cudni-predmeti-cija-misterija-ja-resile-korisnicite-na-socijalni-mrezi-02.jpg

„За што служи оваа дрвена глава?“

Се работи за кршач за јаткасти плодови.

cudni-predmeti-cija-misterija-ja-resile-korisnicite-na-socijalni-mrezi-03.jpg

„Изработено од метал, со функционално капаче кое се отвора – за што служи?“

Изгледа како шишенце од мини-парфем.

cudni-predmeti-cija-misterija-ja-resile-korisnicite-na-socijalni-mrezi-04.jpg

„Пронајдов сребрен прстен со украсно камче и површина која се отвора. Која е неговата намена?“

Се работи за прстен за чување парфем во цврста форма. Порано, кога жените поминувале низ места каде мирисало непријатно, го доближувале и отворале прстенот, како би ја замаскирале миризбата.

cudni-predmeti-cija-misterija-ja-resile-korisnicite-na-socijalni-mrezi-05.jpg

„Го најдов ова чудно сечило со долга рачка...“

Сечилото служи за кратење на стеблата на цвеќињата под агол, како би впивале подобро вода.

cudni-predmeti-cija-misterija-ja-resile-korisnicite-na-socijalni-mrezi-06.jpg

„Имам дрвена полица со дупка која не знам за што служи?“

Дупката е направена за да го придржи жешкиот фен.

cudni-predmeti-cija-misterija-ja-resile-korisnicite-na-socijalni-mrezi-07.jpg

„За што служи оваа сребрена кутија со 3 круга на неа?“

Веројатно е држач за ситни пари, кој собира центи.

cudni-predmeti-cija-misterija-ja-resile-korisnicite-na-socijalni-mrezi-08.jpg

„Го најдов ова помеѓу алатот во гаража. Изработено е претежно од дрво, но за што служи?“

Се работи за алат за мерење на агли.

cudni-predmeti-cija-misterija-ja-resile-korisnicite-na-socijalni-mrezi-09.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Изглед, семејство, минато: 9 работи од кои не треба да се срамите во животот Во денешно време, луѓето се станати премногу зависни од мислењето на другите.&nb...
20 работи од кои треба да се откажете веднаш Зошто ни е толку тешко да се откажеме? Откажувањето не секогаш значи дека се пре...
7 работи на кои не треба да штедите пари Од удобни чевли до квалитетен душек, на некои работи не треба да штедите во живо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg