Млад дечко живеел со сосетката (89) за да не умре сама: „Ми беше како баба, не можев да ја оставам во дом“

Кога Крис ја запознал 84-годишната сосетка Норма не ни претпоставувал какво пријателство ќе се роди меѓу нив, а кога Норма се разболела, тој без двоумење ја поканил да се всели кај него и ѝ ги направил последните денови од животот навистина прекрасни. Норма починала во 2017, но Крис до денес се потсетува на неа и на сè што научил од неа. 

mlado-momche-ja-pokanilo-bolnata-sosetka-89-da-zhivee-so-nego-za-da-mozhe-da-se-grizhi-za-nea-01.jpg

Во 2012 година Крис Салваторе се преселил во нов стан и речиси веднаш се запознал со 84-годишната сосетка Норма Кук.

Крис ја забележал Норма како ѕирка од прозорецот додека тој се вселувал, па решил да ја поздрави и ја прашал дали може да влезе кај неа. Норма се согласила, но сигурно ни двајцата не биле свесни дека ова познанство ќе се претвори во нешто прекрасно.

Тогаш Норма живеела со нејзиното мачор, а со Крис редовно си разговарале, заедно јаделе пица, излегувале на вечера во градот… Едноставно кажано, почнале да се чувствуваат како да се семејство.

Пет години подоцна, кога Норма имала 89, а Крис 31 година, нејзиното здравје почнало да се влошува. Норма со години имала леукемија, но генерално се чувствувала добро. Сепак, во 2016-та морала да помине неколку месеци во болница бидејќи ѝ се јавиле разни компликации.

Крис сфатил дека повеќе не е безбедно Норма да живее сама без лице кое постојано ќе се грижи за неа, па започнал кампања со цел да собере пари за да може да ѝ ја обезбеди потребната грижа на саканата сосетка. Бидејќи Норма немала друго семејство, единствената опција била да оди во дом за стари лица.

Кампањата на Крис се покажала мошне успешна и тој собрал околу 50.000 долари преку Go Fund Me. Сепак, не му било сеедно од помислата дека Норма ќе оди во дом, па ѝ понудил да се пресели кај него.

„Не можев да ѝ го направам тоа на жена која ми е како баба. Кога се вселуваше кај мене, бев сигурен дека така требало да биде“.

Норма се преселила кај Крис заедно со нејзиниот мачор, а момчето го давало најдоброто од себе за да ѝ ги направи последните денови што е можно поудобни. Тој готвел за неа, заедно гледале вести, постојано разговарале и, генерално си поминувале одлично.

Иако Крис водел најдобра грижа за Норма, лекарите им рекле дека ќе биде чудо ако живее до крајот на годината. Сепак, Норма и Крис имале можност заедно да ги поминат божиќните празници и заедно да ја прослават Нова година, пред таа да почине во февруари 2017-та.

„Сега Норма го најде мирот во вечноста и додека можеби не е со нас физички, нејзиниот дух ќе продолжи да ги исполнува срцата на многу луѓе. Можеби последното наследство на Норма е тоа што нејзината приказна му помогна на светот да го види вистинското значење на љубовта. Норма ме потсети дека сите ние сме создадени да сакаме и сите посакуваме да бидеме сакани“, гласи објавата на Крис по смртта на Норма.

Секоја година, Крис ја обележува годишнината од смртта на неговата пријателка, истото го направи и годинава:

„Пред 4 години ти стана мојот ангел на небото и не поминува ден без да те почувствувам околу мене. Низ годините прочитав многу прекрасни пораки за тоа колку е инспиративна мојата љубов за Норма, но она што мене ме инспирира е љубовта на Норма кон мене. Кога одлучуваме да сакаме некого, многу други луѓе го чувствуваат тоа“.

Денес Крис е популарен инфлуенсер со речиси 400.000 Инстаграм следбеници и вели дека миговите што ги имал со Норма се најубавото и нешто што му се случило досега.

Повеќе фотки од Крис и Норма на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава