Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што користеле жените пред појавата на влошки и тампони?

Донекаде, менструацијата и до денес претставува табу, па само замислете како ја гледале луѓето пред неколку века. Поради овој став кон менструацијата, биле потребни многу години за жените да престанат да се срамат да си купуваат хигиенски продукти, па првите влошки кои се појавиле на пазарот биле неуспех. Тогаш што користеле наместо влошки и тампони?

shto-koristele-zhenite-pred-pojavata-na-vloshki-i-tamponi-01.jpg

Менструацијата е нормален процес и секоја девојка и жена знае дека овие неколку денови можат да бидат вистински предизвик. Покрај променливото расположение и болките кои можат да бидат многу интензивни, овде е и крвавењето кое трае неколку денови.

Денес ни се достапни влошки, тампони и менструални чашки благодарение на кои крвавењето не претставува скоро никаков проблем, но за жените во минатото менструациите биле многу попроблематични.

Што користеле жените пред појавата на влошките и тампоните?

Папирус и сунѓери

Речиси и да нема податоци за тоа што користеле жените од древното минато, но многу историчари веруваат дека користеле природни материјали, како папирус и морски сунѓери.

Најверојатно древните Египќанки си правеле еден вид тампони од папирус, а според Хипократ, жените од древна Грција правеле тампони од мало парче дрво завиткано во ткаенина.

Се смета и дека жените користеле природни морски сунѓери како тампони.

shto-koristele-zhenite-pred-pojavata-na-vloshki-i-tamponi-02.jpg

Хигиенски престилки

Во 1850-тите жените почнале да користат таканаречени хигиенски престилки. Овие престилки биле гумени и ги покривале гениталиите со што ја задржувале крвта.

Но, овие престилки не биле воопшто удобни и наводно мирисале многу лошо.

shto-koristele-zhenite-pred-pojavata-na-vloshki-i-tamponi-05.jpg

Менструален колан

Кон крајот на 19-тиот век бил измислен и таканаречениот менструален колан. Изумот е всушност обичен колан на кој била прикачена ткаенина со голема апсорбирачка моќ.

Иако коланите се користеле пред почетокот на 20-тиот век, биле патентирани дури во 1900-тите.

shto-koristele-zhenite-pred-pojavata-na-vloshki-i-tamponi-06.jpg

Парчиња ткаенина

Со векови, жените од си правеле влошки од парчиња ткаенина, дури и во периодот кога постеле хигиенските престилки и менструалните колани.

Сепак, овој период почнала да се појавува грижа за опасностите од инфекции поради неправилното чистење на овие влошки, па постепено почнал да се создава пазар за хигиенски продукти за жени.

shto-koristele-zhenite-pred-pojavata-na-vloshki-i-tamponi-03.jpg

Првите влошки

Во 1896 година на пазарот се појавиле првите влошки – Lister’s Towels – кои наликувале на парчиња ткаенина полна памук. Овие влошки биле за една употреба.

Сепак, бидејќи овој период менструацијата уште била табу-тема и жените обично се срамеле да си купуваат вакви продукти, производот не стекнал голема популарност.

shto-koristele-zhenite-pred-pojavata-na-vloshki-i-tamponi-04.jpg

Менструални панталони

Веќе е јасно дека периодот помеѓу крајот на 18-ти и почетокот на 19-ти век понудил многу изуми за менструација.

Околу 1920-та на пазарот се појавиле и менструални панталони обложени со гума која го спречувала протекувањето.

shto-koristele-zhenite-pred-pojavata-na-vloshki-i-tamponi-07.jpg

Менструални чашки

Во 1930-тите била направена првата менструална чашка – мал сад кој се става во вагината и ја собира менструалната крв.

Иако денес овие чашки стануваат многу популарни, тогаш не доживеале голем успех.

shto-koristele-zhenite-pred-pojavata-na-vloshki-i-tamponi-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Фото-споредби: Луѓе кои си го промениле животот и се претвориле во друга личност Вежбање, поздрава исхрана, но и генерално подобра грижа за себе – луѓе покажуваа...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg