Натприродни појави или логично објаснување – најпознатите теории за исчезнувањата кај Бермудскиот Триаголник

Некои сметаат дека има логично објаснување, како експлозии од заробен метан. Некои веруваат во бизарни теории, како киднапирање од вонземјани. Но, изгледа повеќето експерти се убедени дека нема апсолутна ништо мистериозно кај исчезнувањата во Бермудскиот Триаголник.

natprirodni-pojavi-ili-logichno-objasnuvanje-najpoznatite-teorii-za-ischeznuvanjata-kaj-bermudskiot-triagolnik-01.jpg

Бермудскиот Триаголник кој се наоѓа помеѓу Бермуда, Порторико и Флорида има репутација како место каде што бродовите и авионите мистериозно исчезнуваат.

Наводно, низ годините, овде имаат исчезнато стотици бродови и авиони на кои не им е пронајдена трагата.

natprirodni-pojavi-ili-logichno-objasnuvanje-najpoznatite-teorii-za-ischeznuvanjata-kaj-bermudskiot-triagolnik-02.jpg

Поради ова, со текот на времето се појавија бројни теории – и логични и бесмислени – за тоа што се случува со бродовите и авионите кои исчезнуваат во оваа област.

Додека експертите сметаат дека нема ништо мистериозно кај Бермудскиот триаголник и дека за исчезнувањата има логични објаснувања, многумина веруваат и во најлудите теории.

Во продолжение дел од најпознатите теории за исчезнувањата во оваа област:

„Црвја дупка“

Во физиката постои терминот „црвја дупка“ кој се однесува на еден вид портал во време-просторот од едно до друго место. Теоретски, според Ајнштајновата теорија на релативност, оваа појава би можела да постои, но досега нема никакви физички докази.

Сепак, некои луѓе се убедени дека ваква црвја дупка има токму кај Бермудскиот триаголник бидејќи ова би ги објаснило исчезнувањата на авионите и бродовите кои не се никогаш пронајдени.

Како што напоменавме, во реалноста не е пронајден доказ за постоењето на ова појава, освен „на хартија“. Но, иако експертите сметаат дека ова е лудост, многу луѓе се убедени дека црвјите дупки ги објаснуваат исчезнувањата.

natprirodni-pojavi-ili-logichno-objasnuvanje-najpoznatite-teorii-za-ischeznuvanjata-kaj-bermudskiot-triagolnik-03.jpg

Метан во океанот

Оваа теорија е пореалистична од претходната. Истражувачи од Норвешка откриле огромни кратери покрај брегот на нивната држава за кои утврдиле дека се предизвикани од експлозивно ослободување метан кој бил заробен под океанското дно.

Наводно, ваквите експлозии би можеле да потонат брод во секунда. Истовремено, кога метанот ќе се издигне во воздухот, би можел да предизвика доволно силни турбуленции за да сруши авион.

Сепак, не е познато дали во областа на Бермудскиот Триаголник има вакви резервоари со метан, па ни оваа теорија не е потврдена.

natprirodni-pojavi-ili-logichno-objasnuvanje-najpoznatite-teorii-za-ischeznuvanjata-kaj-bermudskiot-triagolnik-04.jpg

Проблеми со компасите

На некои места, магнетното поле на Земјата е послабо од вообичаено, па ова може да ги „збуни“ компасите. Ова послабо магнетно поле е сосема нормално и наводно е причинето од формата на Земјата.

Бидејќи веќе е познато дека во областа на Бермудскиот Триаголник магнетното поле на Земјата навистина е послабо, можеби пилотите и морепловците се губеле бидејќи компасите не им покажувале точно на која страна е север.

natprirodni-pojavi-ili-logichno-objasnuvanje-najpoznatite-teorii-za-ischeznuvanjata-kaj-bermudskiot-triagolnik-05.jpg

Вонземјани

Уште една малку бизарна теорија. Иако статистички постои голема веројатност да не сме сами во универзумот, досега најверојатно не сме биле посетени од вонземјани. Дури ни бројните снимки од НЛО со ужасен квалитет не се доказ за ова.

Сепак, за секоја мистерија во светот постои објаснување поврзано со вонземјани, а истото важи и за Бермудскиот Триаголник.

Некои луѓе се убедени дека исчезнатите бродови и авиони се киднапирани од вонземјани кои сакат да експериментираат со луѓе.

Нормално, ниту еден експерт не се согласува со оваа теорија.

natprirodni-pojavi-ili-logichno-objasnuvanje-najpoznatite-teorii-za-ischeznuvanjata-kaj-bermudskiot-triagolnik-06.jpg

Човечка грешка

Ова е една од најлогичните теории – грешките што ги правеле капетаните и пилотите можеби имале кобен исход.

Дури и најискусните пилоти и морепловци се склони кон грешки кои можат да чинат живот.

На пример, можеби некој пилот не направил одбра пресметка и останал без гориво среде океан, па авионот се срушил.

Покрај тоа, многуте островчиња што го опкружуваат триаголникот премногу наликуваат едни на други, па пилотите и капетаните лесно би можеле да направат грешка во навигацијата.

natprirodni-pojavi-ili-logichno-objasnuvanje-najpoznatite-teorii-za-ischeznuvanjata-kaj-bermudskiot-triagolnik-07.jpg

Нема апсолутно никаква мистерија

Многу експерти сметаат дека нема никаква мистерија во исчезнувањата во оваа област, и тоа од многу добра причина.

Наводно, овде не исчезнуваат повеќе бродови и авиони за разлика од друго слично место во Атлантскиот Океан.

Можеби бројката изгледа поголема бидејќи ова е навистина прометно место. Но статистички, нема повеќе исчезнувања отколку на некоја друга локација.

Покрај тоа, ако областа е навистина толку опасна, веројатно ни самите капетани и пилоти не би се осмелувале да го поминат Бермудскиот Триаголник.

Овде секојдневно минуваат бројни авиони и бродови, па можеби навистина нема никаква мистерија во исчезнувањата.

natprirodni-pojavi-ili-logichno-objasnuvanje-najpoznatite-teorii-za-ischeznuvanjata-kaj-bermudskiot-triagolnik-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
13 фото-докази дека некои луѓе немаат срам да си ја покажат некултурата „Благодариме на кој и да одлучи да се бричи во мијалникот од нашиот ресторан“,&n...
Што открива за вас начинот на кој се однесувате на слава? Дали сте од оние кои јадат брзо или бавно на слава, дали прибирате што ќе јадете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg