Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Искрени машки исповеди: „Моментот кога одлучив да ѝ раскинам на мојата девојка“

„Одглуми дека имала позитивен тест за бременост само за да тестира како ќе реагирам. Ме разочара, ја оставив.“

iskreni-mashki-ispovedi-momentot-koga-odluchiv-da-i-raskinam-na-mojata-devojka-01.jpg

Разделбите се тешки и комлицирани, но постојат мигови кога едноставно сфаќаме дека не сме еден за друг.

Момци на Reddit искрено се исповедаат во кој миг сфатиле дека треба да раскинат со својата девојка.

Машки исповеди на тема: „Моментот кога одлучив да раскинам со мојата девојка“:

„Мојата поранешна сакаше да ги прави работите што ги сака и очекуваше од мене да го напуштам својот дотогашен живот и да правам буквално што таа сака.

Ако на ум ѝ паднеше да се пресели во друга земја, очекуваше дека јас треба веднаш да прифатам, никогаш не прашуваше како се чувствувам јас во врска со нејзините планови.

Секогаш го има ова чувство дека ако 10 минути не ѝ посветам внимание, таа ќе побара внимание од некој друг маж и го мразев тоа чувство на несигурност и затоа ѝ раскинав.“

„Таа одглуми ситуација за да ме намести да се запознаам со нејзините родители. Ми вршеше притисок за да ја официјализираме врската и не сакав да го трпам тоа. Не ми даде време едноставно, многу брзаше.“

„Кога ја фатив во диско како му дава телефонски број на некој тип, една минута откако јас ѝ реков дека одам до тоалет.“

„Кога почнав да сфаќам дека сум посреќен кога таа не е околу мене.“

„Кога излегов од болница по операција и таа не ми посвети никакво внимание беше мигот кога сфатив дека не е вистинската за мене.“

iskreni-mashki-ispovedi-momentot-koga-odluchiv-da-i-raskinam-na-mojata-devojka-02.jpg

„Таа тагуваше 2 години откако ѝ почина кучето и јас ѝ бев поддршка цело време, но само 6 месеци по смртта на татко ми ме праша дали уште ќе бидам така депресивен и нормално врската не траеше долго по тој настан.“

„Таа беше некултурна, дури и дрска кон келнерите, продавачите и сите луѓе во услужната дејност. Се срамев од нејзиното однесување и знаев дека ќе завршиме брзо по започнувањето на врската.“

„Одглуми дека имала позитивен тест за бременост само за да тестира како ќе реагирам. Ме разочара, ја оставив.“

„Не ми ги сфаќаше шегите, морав сè да и објаснувам, едноставно не кликнавме и не сакам со таква личност да го делам животот.“

„Никогаш не иницираше секс. Секој сексуален однос ѝ беше како обврска.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исповеди: „Што ќе направам со парите ако добијам на лото и станам многу богат/а?“ „Анонимно ќе одам на некоја платформа за хуманитарни цели и ќе донирам големи су...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
16 интересни работи кои природата нема да ви ги покаже, но ќе ги видите на рендгенска снимка (фото) „Имам 33 години и сега дознав дека имам 2 млечни заба“ - што сè можете да видите...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Фотки кои покажуваат дека со текот на времето брачните партнери почнуваат да личат еден на друг Се сложувате ли со тоа дека некои парови, по многу години поминати во љубов (бра...
Нарачав вазна од TEMU, а добив слика - По 2 нарачки сфатив дека мора да го читам описот до крај Дали сте и вие „заразени“ со порачување производи на TEMU? Јас да, од првиот мом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg