Луѓето кои биле во култ откриваат кога сфатиле дека се заробени

„Мислам дека отсекогаш знаев, но решив да си заминам кога постарите членови ми рекоа да размислам зошто Бог ме казнил со дијагноза за рак“.

lugjeto-koi-bile-vo-kult-otkrivaat-koga-fatile-deka-se-zarobeni-01.jpg

Кога се во прашање култови, си замислуваме нешто екстремно, како на пример култот на Чарлс Менсон.

Иако постојат и вакви култови, во реалноста овие здруженија се многу посуптилни и во нив можат да „заглават“ и мошне интелигентни и образовани луѓе.

Некогаш култовите се кријат зад религиски организации, како разни видови цркви, некогаш како групи за самопомош, некогаш и зад нешто сосема неочекувано.

На Редит, неколкупати е поставено прашањето за тоа како луѓето кои избегале од култови сфатиле дека се заробени во нешто лошо.

И, одговорите на форумџиите само покажуваат колку е лесно да се потпадне под нечие влијание, особено кога тоа е личност на која мислите дека можете да ѝ верувате.

Дел од одговорите во продолжение:

„Кога сите почнаа да ми кажуваат дека имам слобода да размислувам, веднаш откако ми одржале лекција за тоа што точно треба да размислувам“.

„Кога имав 14 години станав дел од некаква црква (култ), сам, без моето семејство. Набрзо потоа требаше да се селиме во друга држава со семејството.

Но, пред да се преселиме, јас правев план како да побегнам од дома со постар член од култот. Планот не функционираше.

Многу години подоцна, му раскажував на пријател за ова и сфатив дека сум бил во огромна опасност и сум имал среќа што сме се преселиле“.

lugjeto-koi-bile-vo-kult-otkrivaat-koga-fatile-deka-se-zarobeni-02.JPG

„Со пријател бевме дел од ’црква‘. Кога пријателот напредна во повисоко ниво, ми кажа дека му рекле да се отпише од факултет и да почне да работи за ’црквата‘ бесплатно“.

„Ми требаа години за да станам свесна. Имав 12-13 години и мојата постара сестра ме натера да станам дел од нејзината црква.

Не смеев да гледам телевизија или да носам панталони. Не смеев да ја потстрижувам косата. Слушав само религиозна музика. Не смеев да се шминкам ниту да носам накит… Има уште многу, но ова се главните работи на кои се сеќавам“.

„Сфатив дури откако го напуштив култот. Налетав на подкаст каде што маж зборуваше како избегал од култ и кога почнав да ги забележувам сличностите, ми стана јасно“.

lugjeto-koi-bile-vo-kult-otkrivaat-koga-fatile-deka-se-zarobeni-04.JPG

„Кога сфатив дека секојпат кога сакав да излезам на состанок со некој, морав да добијам ’дозвола‘ од некој со повисок ранг. Тогаш ми стана јасно дека сум заглавила многу длабоко“.

„Кога почнаа да ми кажуваат дека гледањето телевизија, филмови и читањето весници е лошо. Веднаш ја напуштив организацијата“.

„Кога сфатив дека напредуваа само членовите кои имаа многу пари и ѝ даваа на организацијата. Дознав дека татко ми имал платено илјадници долари за секој ’курс‘ што го посетувавме во склоп на организацијата“.

lugjeto-koi-bile-vo-kult-otkrivaat-koga-fatile-deka-se-zarobeni-03.JPG

„Мислам дека отсекогаш знаев, но решив да си заминам кога постарите членови ми рекоа да размислам зошто Бог ме казнил со дијагноза за рак“.

„Кога ’лидерот‘ посака да ги поништи сите бракови, за сите жени да се венчаат со него. Бев тинејџерка кога родителите решија дека е време да го напуштат култот“.

lugjeto-koi-bile-vo-kult-otkrivaat-koga-fatile-deka-se-zarobeni-05.JPG

„Мајка ми имаше шизофренија и биполарно нарушување, но ’црквата‘ ѝ забрануваше да користи лекови. Наместо тоа ѝ даваа некакви масла.

Веруваа дека користењето лекарска терапија е ’недостаток од вера‘. Имаше и дури показатели, но ова имаше најголемо влијание врз мене“.

„Забележував многу знаци, но почнав да се сомневам кога ’лидерот‘ ми ограничуваше колку долго можам да бидам излезена со пријателки, додека сопругот можеше да прави што и да посака.

Кога ја напуштив организацијата, семејството прекинаа контакт со мене. Сега имам друг сопруг“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg