Русин се оженил за пица, Американецот Крис за својот MacBook – најбизарните бракови за кои досега сте слушнале

Љубовта има навистина многу облици, но дали некогаш сте помислиле дека некој би се омажил/оженил со својот миленик?! Неколку бизарни бракови за кои не сте ни знаеле дека се возможни... 

Rusin-se-ozhenil-za-pica-Amerikanecot-Kris-za-svojot-MacBook-najbizarnite-brakovi-za-koi-dosega-ste-slushnale 01 630x330.jpg

Точно е, постојат луѓе доволно „храбри“ за на општеството да ја покажат нивната (посебна) гледна точка.

Верувале или не, постојат луѓе кои се во брак и со предмети, разни знаменитости како Ајфеловата кула, Берлинскиот ѕид и многу други...

Се разбира, таквите бракови кои ги дозволува традицијата често се симболични или ритуални, наместо вистинското признавање на врската, но дел од нив со сигурност излегуваат надвор од вообичаените граници.

Сепак, овојпат решивме да ги издвоиме најбизарните бракови на светот:

Брак со својот MacBook

Американецот Крис Соер сметал дека ако се дозволени геј бракови, тогаш треба да му се дозволи да се ожени со својот сакан MacBook. Во петицијата којашто тој ја поднел истакнал дека компјутерите се силна љубов, а ги сакаат сите жени во светот.

Rusin-se-ozhenil-za-pica-Amerikanecot-Kris-za-svojot-MacBook-najbizarnite-brakovi-za-koi-dosega-ste-slushnale 02 630x400.jpg

Русин се оженил за пица

Жител на Томск ја избрал пицата за своја сопруга. Тој велел дека нивната врска не била долга, но набрзо сфатил дека се создадени еден за друг. На прашањето дали ќе ја изеде својата сопруга, тој само се насмевнал.

Rusin-se-ozhenil-za-pica-Amerikanecot-Kris-za-svojot-MacBook-najbizarnite-brakovi-za-koi-dosega-ste-slushnale 03 630x400.jpg

Жена се омажила со својот мачор, откако сопругот ја оставил

Една навистина силна и независна жена. Барбарела Бухнер, според неа нашла необичен излез од депресивната состојба. Таа се омажила за својот мачор Сајмон.

Церемонијата се одржала на социјалните мрежи, а откако Барбарела го притиснала копчето „Да“, тие официјално стапиле во брак.

Rusin-se-ozhenil-za-pica-Amerikanecot-Kris-za-svojot-MacBook-najbizarnite-brakovi-za-koi-dosega-ste-slushnale 04 630x400.jpg

Уметничка се венчала со камен, чувствувајќи дека е под негова заштита

Таа била позната по својата посветеност и извонредните проекти, па така се венчала со антички камен во Франција, сметајќи го како заштита, а не нешто што предизвикува страв.

Rusin-se-ozhenil-za-pica-Amerikanecot-Kris-za-svojot-MacBook-najbizarnite-brakovi-za-koi-dosega-ste-slushnale 05 630x400.jpg

Жител на Токио се оженил со анимиран лик од видео игра

Свадбата се одржала во 2009 година и била првото единство на човекот со лик од компјутерска игра. Облечен во бел смокинг, Сал се оженил со Нена пред пријателите и корисниците кои ја следеле свадбената церемонија на интернет.

Rusin-se-ozhenil-za-pica-Amerikanecot-Kris-za-svojot-MacBook-najbizarnite-brakovi-za-koi-dosega-ste-slushnale 06 630x400.jpg

Жена се венчала со својот коњ

Милан Бросквит, жестока активистка за правата на животните, стапила во брак со нејзиниот коњ Теодор. Со овој потег таа сакала да стави акцент на прифаќање на различностите.

Rusin-se-ozhenil-za-pica-Amerikanecot-Kris-za-svojot-MacBook-najbizarnite-brakovi-za-koi-dosega-ste-slushnale 07 630x400.jpg

Жена се омажила со Ајфеловата кула

37-годишната Ерик Ла Ајфел живее во Сан Франциско. Таа изјавила дека го сакала и Берлинскиот ѕид, но, сепак одлучила да се омажи за Ајфеловата кула, процес кој се одвивал на интимна церемонија на која присуствувале неколку нејзини пријатели. По церемонијата, таа го сменила презимето во Ајфел.

Rusin-se-ozhenil-za-pica-Amerikanecot-Kris-za-svojot-MacBook-najbizarnite-brakovi-za-koi-dosega-ste-slushnale 08 630x400.jpg

Брак со перница

Ли Џин-Гју решил да се ожени со перница. На перницата имало лик на популарен женски анимиран лик, па очигледно била доста привлечна за Јужнокореецот, кој се венчал со својата свршеница во 2010 година.

Rusin-se-ozhenil-za-pica-Amerikanecot-Kris-za-svojot-MacBook-najbizarnite-brakovi-za-koi-dosega-ste-slushnale 09 630x400.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...

Најчитани неделава