Бизарните навики на кралицата Елизабета: Не јаде супа, ниту компири, презира коцки мраз и патува со ќеса крв

Секојдневието на кралицата Елизабета, која неодамна го прослави својот 96-ти роденден, се карактеризира со уникатни и чудни навики. 

Bizarnite-naviki-na-Kralicata-elizabeta-01.jpg

Иако има логично објаснување за некои од нив, други се сосема безначајни, специфични, па дури и смешни:

Никогаш не патува без ќеса од својата крвна група

Тим од лекари кои се задолжени да се грижат за нејзиното здравје секогаш одат со неа за време на патувања.

Дополнително, тие се должни во секое време да знаат каде се најблиските болници во градовите што ги посетуваат и секогаш носат голема медицинска торба со мобилен дефибрилатор, како и други инструменти и уреди за итна медицинска помош.

Дополнително, лекарите секојпат со себе носат пакет со крв на кралицата, во случај итно да ѝ биде потребна трансфузија.

Забрането е отворање на прозорци во палатата

Се разбира, ова не важи за сите прозорци, туку за оние кои се наоѓаат пред Бакингемската палата.

Поентата е дека палатата изгледа совршено во секое време, а отворените прозорци можат да го расипат нејзиниот надворешен изглед.

Кралицата не поднесува коцки мраз

Една сосема необична навика се однесува на обликот на мразот во чашата на кралицата.

Имено, кралицата не го толерира звукот што го произведуваат коцките мраз и смета дека тој што го прават како ледени топчиња е многу попријатен.

Затоа наводно е произведена специјална машина која произведува мраз во форма на топчиња.

Во нејзината чанта носи необичен предмет

Додека повеќето дами носат огледало, шминка или пари во својата чанта, кралицата Елизабета никогаш не излегува од дома без еден посебен предмет што секогаш може да се најде во нејзината чанта.

Станува збор за специјално дизајниран држач за чанта кој наликува на кука, а на кој чантата може да се закачи лесно и брзо.

Не сака да гледа брада и пеперутка-машни кај мажите

Додека повеќето жени ги сметаат овие детали за мажествени, кралицата Елизабета ги гледа како многу иритирачки.

Затоа мажите во нејзиното опкружување мора секогаш да бидат свежо избричени, а единствен исклучок е нејзиниот внук, принцот Хари, на кој се обидела да му влијае, но безуспешно.

Секоја нејзина комбинација на облека има свој реден број

Секоја комбинација што ја носи кралицата Елизабета има свој уникатен број што ја покажува приликата во која е облечена.

Со оглед на тоа што кралицата сака светли бои и класичен стил на облекување, комбинациите може лесно да се мешаат, а многу е важно да се внимава да не се појави двапати по ред на некој настан во иста комбинација, па дури и во иста боја.

Никогаш не јаде супа, ниту компири

Секако, овие јадења се наоѓаат на менито на Бакингемската палата, но никогаш нема да бидат послужени доколку е присутна само кралицата.

Вработените во палатата никогаш нема да се осмелат да ѝ послужат супа на кралицата, а што се однесува до компирот, како што велат, не дека не ѝ се допаѓа, туку таа смета дека не е добар за нејзината исхрана.

Сака бобинки, но никогаш не ги јаде во јавност

Малините ѝ се омилено овошје на кралицата, но никогаш нема да ја видите како ги консумира во јавност. Тие лесно можат да се заглават меѓу забите, а тоа за кралицата би било сосема неприфатливо.

Затоа бобинките се строго забранети во палатата, додека и краставиците и доматите мора темелно да се исчистат од семките пред да се послужат.

Нејзините нови обувки мора секогаш да бидат добро разгазени

Иако со години кралицата се одлучува за ист модел на чевли од ист бренд, таа не сака да ја чувствува непријатноста од потполно нови, крути чевли, па пред да ги облече, тие мора да бидат добро разгазени од помошничка која го носи истиот број како и кралицата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg