Џорџ Клуни и принцезата Дијана се родени во 1961-ва – Настани кои нема да ви се верува дека се случиле во истата година

Знаевте ли дека принцезата Дијана и Џорџ Клуни се родени во истата година? А, знаевте ли дека Чарли Чаплин се родил истата година кога Винсент ван Гог ја нацртал „Ѕвездена ноќ“?

dzhordzh-kluni-i-princezata-dijana-se-rodeni-vo-1961-va-nastani-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-se-sluchile-vo-istata-godina-01.jpg

Факт е дека повеќето од нас не обрнуваме внимание, односно не ни помислуваме на годините кога се случиле одредени настани кои не се многу важни.

На пример, скоро никој не знае која година е отворен првиот McDonald’s ресторан или кога е направен првиот фиксен телефон со копчиња.

Поради ова, имаме некоја искривена перцепција за настаните од минатото бидејќи сметаме дека се случиле порано или подоцна. Па, доживуваме вистински шок кога ќе сфатиме дека два настана се случиле во исто време.

Во продолжение неколку настани што одлично го покажуваат ова:

Принцезата Дијана и Џорџ Клуни се родени во истата година

Принцезата Дијана е родена на 1-ви јули 1961-ва, додека Џорџ Клуни е роден на 6-ти мај истата година.

Годинава, Дијана би го прославила 60-тиот роденден доколку беше жива.

dzhordzh-kluni-i-princezata-dijana-se-rodeni-vo-1961-va-nastani-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-se-sluchile-vo-istata-godina-02.jpg

Бред Пит е роден во годината кога се направени првите фиксни телефони со копчиња

Фиксните телефони со копчиња почнале да се продаваат во 1963 година. Бред Пит е роден на 18-ти декември истата година.

dzhordzh-kluni-i-princezata-dijana-se-rodeni-vo-1961-va-nastani-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-se-sluchile-vo-istata-godina-03.jpg

Првата Кока-кола е продадена истата година кога е патентиран автомобилот со мотор со внатрешно согорување

Првата чаша Кока-кола била продадена во мај 1886 година во аптека во САД. Истата година бил патентиран првиот автомобил кој имал мотор со внатрешно согорување.

dzhordzh-kluni-i-princezata-dijana-se-rodeni-vo-1961-va-nastani-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-se-sluchile-vo-istata-godina-04.jpg

„Снежана и 7-те џуџиња“ ја доживеа премиерата истата година кога се родил Морган Фримен

1937 година е освоено важна за филмската индустрија – тогаш премиерно бил прикажан првиот долгометражен цртан филм Snow White and the Seven Dwarfs.

Истата година, на 1-ви јуни, е роден познатиот актер Морган Фримен.

dzhordzh-kluni-i-princezata-dijana-se-rodeni-vo-1961-va-nastani-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-se-sluchile-vo-istata-godina-05.jpg

Ван Гог ја насликал „Ѕвезда ноќ“ истата година кога се родил Чарли Чаплин

Винсент ван Гог го нацртал неговото најпознато дело – „Ѕвездена ноќ“ – во 1889 година.

Чарли Чаплин, пак, е роден истата година на 16-ти април.

dzhordzh-kluni-i-princezata-dijana-se-rodeni-vo-1961-va-nastani-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-se-sluchile-vo-istata-godina-06.jpg

Играчката „чипичан“ е пуштена во продажба истата година кога е родена Зендеја

Играчката Tamagotchi, кај нас позната и како „чипичан“ првпат се појави на светскиот пазар во 1996-та – годината кога е родена Зендеја.

dzhordzh-kluni-i-princezata-dijana-se-rodeni-vo-1961-va-nastani-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-se-sluchile-vo-istata-godina-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...
Трета светска војна, но не и крај на светот - Што предвидела Баба Ванѓа за 2026-та? Баба Ванѓа има неколку предвидувања за оваа година, но едно од нив е навистина з...
Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени Почнувајќи од 1970-тите, пар од Шкотска цели 25 години чувал мечка. И покрај тоа...
11 чудни и (скоро) неупотребливи дизајни, што ќе ве насмеат Кревет закачен на ѕидот, прекинувач за фен во бањата „скриен“ скоро на таванот в...
Човечки заби, мумифицирана мачка: Морничави работи што луѓето ги нашле во своите домови Замислете откако ќе си купите куќа и ќе ја реновирате, во неа да почнете да наоѓ...

Најчитани неделава