7 работи за кои не треба да штедите пари (за да не се разочарате од евтината верзија)

Залудно потрошените пари се нешто што никој не го сака, па за да не правите двојни трошоци, најдобро е на некои работи да дадете малку повеќе уште при првото купување.

7-raboti-za-koi-ne-treba-da-shtedite-pari-za-da-ne-se-razocharate-od-evtinata-verzija-01.jpg

Можеби моментално ќе заштедите ако ја одберете поевтината варијанта, но за кратко време, производот ќе се уништи и ќе мора повторно да го замените со нов.

Тоа што во моментот ќе дадете малку повеќе пари, значи и дека нештото ќе трае подолго и ќе избегнете разочарување на краткорочен план.

Секако тоа не важи за сите работи, туку за одредени производи на кои не треба да штедите никогаш.

Ако ја одберете поевтината опција, набрзо ќе се разочарате, па потрошете повеќе пари за:

Патики

Ако работата ви се состои од долго стоење или движење, или пак ако се занимавате со спорт и трчање, никогаш не штедете на квалитетен модел на патики со удобна влошка. Така ќе избегнете проблеми со здравјето, повреди и повторно купување нови патики за кратко време откако старите ќе се уништат.

7-raboti-za-koi-ne-treba-da-shtedite-pari-za-da-ne-se-razocharate-od-evtinata-verzija-02.jpg

Постелнина

Неквалитетната постелнина за брзо време по првата употреба може да создаде формирање на мали топчиња од материјалот, да се искине или да избледи. Ако сакате пријатен сон во постелнина која нема да ја менувате на два месеца со нова, инвестирајте во поквалитетни материјали.

7-raboti-za-koi-ne-treba-da-shtedite-pari-za-da-ne-se-razocharate-od-evtinata-verzija-03.jpg

Шатор

Ако сакате вистински да го искусите кампувањето, а притоа да не бидете разочарани од непријатности, важно е да инвестирате во квалитетен шатор, кој може да истрпи разни временски услови и е водоотпорен. Ако сакате шатор кој нема да ве изненади на променливо време и кој ќе има простор, очекувајте да потрошите повеќе пари.

7-raboti-za-koi-ne-treba-da-shtedite-pari-za-da-ne-se-razocharate-od-evtinata-verzija-04.jpg

Куфер

Да, супер звучи да најдете куфер по поевтина цена од очекуваната, но ги вклучивте ли во цената кинењето на патентот, кршење на тркалцата и рачката? Постои причина зошто поквалитетните куфери се со малку повисока цена.

7-raboti-za-koi-ne-treba-da-shtedite-pari-za-da-ne-se-razocharate-od-evtinata-verzija-05.jpg

Тави и тенџериња

Не се исклучува можноста да најдете тави и тенџериња по пристојна цена со просечен квалитет, но има разлика од оние кои се со висок квалитет и чинат малку повеќе. Нема да имате проблеми како залепено и изгорено јадење, стопени или вжештени рачки и изгребан материјал.

7-raboti-za-koi-ne-treba-da-shtedite-pari-za-da-ne-se-razocharate-od-evtinata-verzija-07.jpg

Душек

Чудни звуци при мрдање, пропаднати делови каде што тежината е најголема, недоволно издржување на телото во соодветна линија, неквалитетен сон и брзо оштетување – доволни причини?

7-raboti-za-koi-ne-treba-da-shtedite-pari-za-da-ne-se-razocharate-od-evtinata-verzija-06.jpg

Детергент за миење садови

Не ги бирајте детергентите само според цената, туку и според квалитетот и тоа колку пена создаваат. Ако треба во едно миење садови да ставите 10 пати на сунѓерот за да имате пена, многу побрзо ќе го потрошите и ќе ги дадете истите пари како за поскапиот.

7-raboti-za-koi-ne-treba-da-shtedite-pari-za-da-ne-se-razocharate-od-evtinata-verzija-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg