Најдолговечниот човек во светот живеел 256 години и се женел 23 пати – кои биле неговите последни зборови?

Ли тврдел дека е роден во 1736-та година и доживеал старост од 197 години, а според напис објавен во Њујорк Тајмс, врз основа на достапните документи, кинескиот билкар и учител по боречки вештини бил роден во 1677-ма година и живеел 256 години. Кои биле неговите тајни за долговечност и кои се неговите последни зборови?

najdolgovechniot-chovek-vo-svetot-zhiveel-256-godini-i-se-zhenel-23-pati-koi-bile-negovite-posledni-zborovi-01.jpg

Ли Чинг Јуен е кинески билкар, кој се занимавал со боречки вештини и бил советник за воена тактика, а во светот е најпознат по неговата наводна долговечност. Според некои извори Ли живеел неверојатни 256 години.

Овој кинески билкар е познат како еден од најдолговечните луѓе во светот. Неговите мудри мисли честопати се споделуваат за да послужат како инспирација, а неговата најпозната изрека е:

„Зачувајте го срцето мирно, седете како желка, чекорете нежно како гулаб и спијте како пес“.

Датумот на смртта на Ли е познат и се знае дека тој починал на 3-ти мај 1933-та година, но се води голема дискусија околу датумот на неговото раѓање.

najdolgovechniot-chovek-vo-svetot-zhiveel-256-godini-i-se-zhenel-23-pati-koi-bile-negovite-posledni-zborovi-02.jpg

Ли самиот тврдел дека најверојатно бил роден во 1736-та година и доживеал старост од 197 години, а според напис објавен во Њујорк Тајмс, врз основа на достапните документи, кинескиот билкар бил роден во 1677-ма година и живеел 256 години.

Според објавите во престижниот американски весник наводно кинеската влада му го честитала 150-иот роденден на Ли ви 1827-ма година, а во 1877-ма година му го честитала 200-иот роденден.

Речиси и двете возрасти се чинат практично невозможни, а неговата долговечност е еден вид на урбан мит.

najdolgovechniot-chovek-vo-svetot-zhiveel-256-godini-i-se-zhenel-23-pati-koi-bile-negovite-posledni-zborovi-03.jpg

Според пишувањата во медиумите Ли од 10 години работел како билкар. Тој собирал билки за долговечност и потенција, а освен што ги продавал исто така и ги користел.

Неговата исхрана во еден дел од животот се состоела само од овие билки и оризово вино.

najdolgovechniot-chovek-vo-svetot-zhiveel-256-godini-i-se-zhenel-23-pati-koi-bile-negovite-posledni-zborovi-04.jpg

На 72-годишна возраст се придружил на кинеската војска како учител по боречки вештини и советник за воена тактика.

За него се верува дека се женел 23 пати и имал над 200 деца. Наводно, на смртната постела пред да го земе последниот здив кажал само една реченица:

„Направив сѐ што можев да направам на овој свет.“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава