Луѓе кои биле во кома споделуваат искуства: „Ги слушав другите, но некогаш се губев помеѓу соништата и реалноста“

„Мој пријател кој беше во кома некогаш ги слушал лекарите, но имал навистина страшни соништа и му било тешко да прави разлика помеѓу сон и реалност“.

lugje-koi-bile-vo-koma-go-spodeluvaat-nivnoto-iskustvo-koga-se-razbudiv-ne-pomnev-deka-sum-bila-bremena-i-deka-sum-se-porodila-01.jpg

Комата е состојба на несвесност предизвикана од разни фактори – од повреди на главата и мозокот, до предозирање со дрога или алкохол.

Според Mayo Clinic, комата најчесто трае неколку недели, а кога станува збор за период подолг од тоа, личноста обично воопшто не се буди и е во вегетативна состојба.

Сепак, има случаи кога пациенти биле во кома, се разбудиле по неколку години и потоа успеале да продолжат со нивниот живот колку-толку нормално.

Во некои случаи комата може да биде индуцирана од лекарите со цел да се зголемат шансите за преживување кај пациенти со посериозни повреди.

Она што претставува најголема мистерија кај оваа состојба е она што го чувствуваат, слушаат или гледаат луѓето кои се во кома.

Некои сметаат дека луѓето во кома се донекаде свесни и можат да ги слушнат другите околу себе. Други веруваат дека комата е како бессоно спиење и обично луѓето немаат никакво сеќавање од тој период.

Колку и да дискутираме за овој детаљ, факт е дека само оние кои биле во кома можат да ни кажат што сè се случува во тие мигови.

За Редит неколку луѓе решиле да ги споделат нивните искуства:

„Мој пријател беше во кома 6 месеци. Ми кажа дека можел да ги слуша другите, но нагласи дека кога ѝ зборувате на личност со кома, треба да ѝ кажете каде е и што се случува. Бидејќи, во тие моменти имал и навистина страшни соништа и некогаш му било тешко да направи разлика помеѓу нив и реалноста“.

„Бев во кома четири дена. Кога се разбудив сите ми зборуваа за бебето што сум го родила. Загубив дел од помнењето и не ни поминев дека сум била бремена. Кога се разбудив бев многу уморна и се сеќавам на еден разговор што го водеше мајка ми со медицинска сестра. По неколку денови ми се врати сеќавањето“.

„Моја пријателка падна во кома на 25-годишна возраст (околу 1992) и се разбуди на 36 години (околу 2002-ра). Кога се разбуди, ментално уште како да имаше 25 години – како сè да било паузирано. Нејзиното тело изгледаше речиси исто“.

lugje-koi-bile-vo-koma-go-spodeluvaat-nivnoto-iskustvo-koga-se-razbudiv-ne-pomnev-deka-sum-bila-bremena-i-deka-sum-se-porodila-02.jpg

„Бев во индуцирана кома шест недели. Неколкупати ’се разбудив‘ во мојата глава. Беше ужасно. Не знаев што се случува. Бев целосно свесен, знаев дека јас сум јас, но не можев да ги отворам очите, не можев да мрднам ниту еден мускул и не можев да зборувам. Првиот пат кога ми се случи беше застрашувачко и мислев дека сум мртов“.

„Бев во кома девет дена и кога се разбудив бев на респиратор. Кога ме тргнаа од респираторот, моето тело не знаеше како да дише. Буквално требаше одново да учам како да дишам.

Ми требаа неколку денови – немав чувство колку длабоко треба да вдишам, колку долго да го држам воздухот, колку долго да издишувам. Целиот ментален фокус ми беше насочен кон дишењето. Беше чудно“.

„Бев во кома 11 дена поради сериозна повреда на мозокот. Не помнам дека сум бил во кома, ниту дека сум се разбудил. Изгубив неколку години сеќавање од пред комата и мојот мозок не почна да создава нови сеќавања околу 6 недели откако се разбудив.

Другите ми кажуваат дека ми се сменил карактерот откако сум се разбудил. Сега многупати се прашувам како би ми изгледал животот ако не бев во кома“.

lugje-koi-bile-vo-koma-go-spodeluvaat-nivnoto-iskustvo-koga-se-razbudiv-ne-pomnev-deka-sum-bila-bremena-i-deka-sum-se-porodila-03.jpg

„Бев во кома околу две недели. Често ме прашуваат дали сум можела да ги слушнам другите како зборуваат или дали сонував. Одговорот е – не. Има огромна дупка во моето сеќавање околу две недели пред комата и една недела откако се разбудив.

Комата е како црнило, како да не постои ништо за вас. Ми беше особено тешко да се помирам дека е средина на октомври кога се разбудив бидејќи последното нешто што го помнев беше кон крајот на септември“.

„Бев во кома три дена поради сообраќајка. Се сеќавам дека возев, видов виолетова боја и… се разбудив три дена подоцна. Воопшто не беше како спиење бидејќи тогаш знаете дека сте спиеле. Ова беше како да сум трепнала – едната секунда правам едно нешто, а другата нешто потполно поразлично“.

„Бев три месеци во кома. Знаев дека сум во кома, но немав чувство за време. Малку бев свесен за она што се случува околу мене, како на сон. Кога се разбудив, следните шест месеци беа пекол. Немав апетит, но се поправив. Се чувствував како цел нервен систем да ми е пореметен. Оттогаш како да имам и помалку енергија“.

lugje-koi-bile-vo-koma-go-spodeluvaat-nivnoto-iskustvo-koga-se-razbudiv-ne-pomnev-deka-sum-bila-bremena-i-deka-sum-se-porodila-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg