5 работи во кои жените (докажано) се подобри од мажите

Без разлика дали сте љубители на теоријата дека мажите се од Марс, а жените од Венера, мора да признаете дека има многу работи со кои може да се справи само понежниот пол. 

gledaat-povekje-boi-i-ushte-4-raboti-vo-koi-zhenite-se-podobri-od-mazhite-01.jpg

За да откриеме што ги тера дамите да ги надминуваат своите силни партнери, составивме листа од 5 работи во кои жените се подобри од мажите.

Кои се тие?

Жените можат да се справат со неколку работи истовремено

Научниците ги скенирале мозоците на 949 мажи и жени за да ги испитаат врските помеѓу нивните различни делови.

Резултатите откриле дека жените имаат многу посилна врска помеѓу левата и десната страна на мозокот, додека мажите имаат подобра врска помеѓу предната и задната страна на мозокот.

Што значи тоа?

Овие различни меѓусебни врски ги прават жените подобри во мултитаскинг. Мажите, од друга страна, се подобри во извршувањето на една, но посложена задача.

Скенирањето покажало и дека жените полесно ги запомнуваат лицата, додека мажите се значително подобри во задачи како што е паралелното паркирање.

gledaat-povekje-boi-i-ushte-4-raboti-vo-koi-zhenite-se-podobri-od-mazhite-02.jpg

Жените подобро ги разбираат емоциите

Истражување направено на Универзитет во Монтреал, покажало дека жените имаат подобра способност да ги разбираат и да ги изразуваат емоциите.

Во истражувањето, 23 мажи и 23 жени биле замолени да ги идентификуваат емоциите на актери во конфликтни ситуации.

Во еден експеримент, тие имитирале глас што укажува на страв, но нивните изрази на лицето сугерирале одвратност.

Експериментот не само што покажал дека жените побрзо реагираат и подобро ги препознаваат емоциите, туку и дека реагираат побрзо кога улогата е женско.

FotoJet (27).jpg

Жените живеат подолго од мажите

Многу истражувања покажуваат дека повеќето жени живеат во просек 4 до 7 години подолго од мажите, а околу 82% од стогодишниците се жени.

gledaat-povekje-boi-i-ushte-4-raboti-vo-koi-zhenite-se-podobri-od-mazhite-04.jpg

Жените подобро смируваат расплакано дете

Добро е познато дека жените се повеќе поврзани со децата и полесно можат да го смират расплаканото бебе.

За научниците да го докажат тоа, неколку мажи и жени биле поканети да учествуваат во интересен експеримент. Од нив било побарано да пробат да се релаксираат 15 минути, а во позадина да слушаат детски плач.

За време на експериментот, жените покажале значителна промена во нивната мозочна активност, додека мажите не.

Други истражувања покажуваат дека жените имаат поголема веројатност да сочувствуваат со расплакано бебе, додека мажите имаат поголема веројатност да чувствуваат иритација или лутина.

gledaat-povekje-boi-i-ushte-4-raboti-vo-koi-zhenite-se-podobri-od-mazhite-05.jpg

Жените можат да гледаат повеќе бои

Се сеќавате на интернет дебатите од 2015 година за фустанот, чија вистинска боја никогаш не успеавме да ја одредиме?

Истражување спроведено од професор по психологија на колеџ во Бруклин докажало дека мажите и жените всушност ги гледаат работите поинаку.

Експериментот покажал дека жените гледаат повеќе бои во предметите за тестирање отколку што мажите можеле да препознаат.

Експериментите, исто така, заклучиле дека додека жените се подобри во идентификувањето на боите, мажите се подобри во следењето на предметите кои брзо се движат.

Се смета дека овие разлики можеби се резултат на еволуцијата и дека се поврзани со минато на човекот кога ловењето било неопходно за преживување.

gledaat-povekje-boi-i-ushte-4-raboti-vo-koi-zhenite-se-podobri-od-mazhite-06.jpg

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава