Приказната за сестрите и внуците на Никола Тесла - кој го пронашол мртов и го донел неговото наследство во Белград?

Благодарение на неговите пронајдоци и достигнувања, Никола Тесла денес е познат низ целиот свет.

Sestrite-i-uspesnite-vnuci-na-Nikola-Tesla-01.jpg

Сепак, иако ни се познати многу детали за неговиот живот, судбините на другите членови на неговото потесно семејство се помалку познати.

Ова е приказна за сестрите на Тесла…

Ангелина Тесла

Најстарата сестра на Тесла, Анџелина била мажена за Никола Трбојевиќ, со кого имала 5 деца – Урош, Петар, Никола, Марица и Милица. Сите од нив го завршиле факултетот, а четворица станале доктори на науки.

Не се знае многу за нејзиниот живот, освен дека починала во 1931 година и дека е погребана заедно со нејзиниот сопруг во селото Безбрадице, во близина на Кистање, во северна Далмација.

Синот на Ангелина, Петар, станал архимандрит, познат како Петроније откако се замонашил. Студирал право, по што докторирал, како и теологија.

Одржувајќи ја семејната традиција, тој се допишувал и со својот вујко од Америка, но тие писма не биле зачувани бидејќи биле запалени во манастирската библиотека за време на Втората светска војна.

Вториот син на Ангелина, Никола отишол во Америка каде што бил познат како Николас Тербо. Како и вујкото по кого го добил името, тој исто така се покажал како многу талентиран за техника и иновации.

Sestrite-i-uspesnite-vnuci-na-Nikola-Tesla (4).jpg

Бил математичар и пронаоѓач, а зад себе оставил повеќе од 120 патенти, главно во автомобилската индустрија. Бил во контакт со својот вујко и честопати му позајмувал пари, бидејќи Никола Тесла постојано бил на работ на банкрот.

Синот на Николас, Вилијам Тербо, исто така бил пронаоѓач, работел во Лос Анџелес во вселенската и ракетна индустрија. Се трудел да го зачува споменот на својот дедо, па бил извршен директор на здружението Тесла во САД и чест учесник на меѓународните собири во чест на Тесла.

Починал на 14 август 2018 година на 89-годишна возраст, како последен од неговото семејство што лично го познавал Никола Тесла (кого го запознал како момче).

Sestrite-i-uspesnite-vnuci-na-Nikola-Tesla (1).jpg

Милка Тесла

Не е познат точниот датум на раѓање на сестрата на Тесла, Милка. Познато е дека се родила во 1852 година во Сењ и дека прво се омажила за извесен свештеник Воја Глумчиќ, а по неговата смрт во 1892 година повторно се омажила.

Од првиот брак, за кој велат дека бил многу лош, Милка ја добила ќерката Гина, која исто така била мажена за свештеник.

Sestrite-i-uspesnite-vnuci-na-Nikola-Tesla (2).jpg

Марица Тесла

За Марица се зачувани многу повеќе информации. Се омажила за Никола Косановиќ, со кој имала четири сина. На 41-годишна возраст станала вдовица и сама ги одгледала своите деца.

Велат дека имала талент за математика, дека убаво рецитирала стихови од светската литература кои ги знаела напамет и дека зборувала четири странски јазици.

Се занимавала со новинарство и била дописник на повеќе весници. Таа интензивно се допишувала со нејзиниот брат Никола, а токму таа го претставувала на свечената академија на 28 мај 1936 година на Универзитетот Коларч во Белград по повод неговиот 80-ти роденден.

Таа почина на 80-годишна возраст во 1938 година. Погребана е во Загреб.

Марица успеала на сите свои синови да им обезбеди високо образование. За Драгиша е познато дека бил австроунгарски полковник, а за Љубиша дека бил економист.

Милутин се прославил како лекар кој им помага на сиромашните, ги посетува слабите и несебично се грижи за сите. Загинал во 1941 година за време на бомбардирањето на Сараево, каде што бил назначен како резервен медицински капетан.

Најмладиот син на Марица, Сава Косановиќ, бил познат адвокат, но и политичар, публицист и дипломат. По државниот удар на 27 март 1941 година бил министер за снабдување во владата на Душан Симовиќ.

Од 1942 до 1944 година живеел во егзил во Америка, каде што се запознал со својот вујко Никола.

Сава го пронашол телото на Никола Тесла во хотелска соба на 7 јануари 1943 година. Овој момент го опишал во своите мемоари:

„Кога влегов во собата на Тесла утрото на 7 јануари 1943 година, со еден близок пријател, Тесла лежеше мртов. Уште послаб и поблед, малку стуткан, со замрзнат сожалив израз, речиси со насмевка на лицето. На големата тркалезна маса имаше отворена метална кутија, во која имаше многу писма и последната фотографија на Тесла, некаде во групна посета во 1942 година“.

Благодарение на Сава, како единствен наследник во Америка, целото лично наследство на Никола Тесла било донесено во Белград каде што е формиран музејот Никола Тесла.

Ниту еден од синовите на Марица не се оженил, па оваа гранка од семејството останала без потомци.

Sestrite-i-uspesnite-vnuci-na-Nikola-Tesla (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оде...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg