8 едноставни трикови кои ќе ви помогнат да ги „преживеете“ топлите летни ноќи

Спијте на подот, легнете си со влажен прекривач и заменете ги обичните сијалици со штедливи.

8-ednostavni-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prezhiveete-toplite-letni-nokji-01.jpg

Температурите се многу високи, а ова значи и дека ќе треба да ги трпиме топлите ноќи уште некое време и да бараме начин да се разладиме.

Додека спиењето со вклучен клима-уред е едноставно решение на овој проблем, многу луѓе го немаат овој уред во спалната соба, за некои може да биде преголем трошок, а и не е препорачливо секоја вечер да спиете во вклучена клима бидејќи може да се јави вкочанетост.

Па тогаш како да се разладите во топлите летни ноќи?

Во спалната ставете алое вера

Кај растенијата постои процес познат како транспирација. Коренот на растението ги впива водата и хранливите материи од почвата и ги носи до стеблото и листовите.

Дел од водата, пак, испарува од порите на листовите и, на некој начин, растението „се поти“. Ова потење, или транспирација, може да ја зголеми влажноста на воздухот и да ја намали неговата температура.

Алое верата е растение кое испушта многу вода, па може да го разлади воздухот во спалната соба. Уште подобро ако ставите 2-3 саксии.

8-ednostavni-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prezhiveete-toplite-letni-nokji-02.jpg

Користете штедливи сијалици

Штедливите сијалици, вклучувајќи ги ЛЕД сијалиците, емитуваат значително помалку топлинска енергија.

Па, покрај тоа што ќе заштедите, со нив колку-толку ќе ја намалите температурата во домот.

8-ednostavni-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prezhiveete-toplite-letni-nokji-03.jpg

Спијте со влажен прекривач

Ако никако не можете да заспиете, истуширајте се со студена вода, а потоа испрскајте го прекривачот со вода.

Секако, немојте да го накиснувате, туку само навлажнете го со шише со распрскувач.

8-ednostavni-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prezhiveete-toplite-letni-nokji-04.jpg

Ставете ја постелнината во замрзнувачот

Ова можеби звучи чудно, но може да ви биде од корист ако навечер ви е многу топло.

Едноставно, наутро ставете ја постелнината во ќеса, па ставете ја во замрзнувачот, а пред да си легнете извадете ја.

8-ednostavni-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prezhiveete-toplite-letni-nokji-05.jpg

Отворете го прозорецот и закачете влажен чаршаф

Навечер ширум отворете го прозорецот и на него закачете влажен чаршаф како завеса.

Водата од чаршафот постепено ќе испарува и колку-толку ќе го освежи воздухот во собата.

Наместо чаршаф, можете да ги испрскате завесите со вода.

8-ednostavni-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prezhiveete-toplite-letni-nokji-06.jpg

Разладете се со техника за дишење

Ова е техника за дишење што ја практикуваат јогините и нејзината цел е да го разлади телото.

Свикајте го јазикот како на фотографијата подолу, вдишете преку носот, и бавно издишете низ устата.

8-ednostavni-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prezhiveete-toplite-letni-nokji-07.jpg

Ставете кофа со студена вода до креветот

Кога ќе почувствувате дека ви е многу топло, можете да ја ставите дланката или стапалото во кофата за да ја намалите температурата на телото.

8-ednostavni-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prezhiveete-toplite-letni-nokji-08.jpg

Спијте на подот

Самиот душек на којшто спиете може да ја зароби топлината од вашето тело, па спиењето на подот е одличен начин да се разладите.

Покрај тоа, студениот воздух е потежок од топлиот, па секогаш се наоѓа над подот.

8-ednostavni-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-gi-prezhiveete-toplite-letni-nokji-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 предмети и продукти за кои вреди да дадете повеќе пари, за да ги избегнете трошоците во иднина Ако сакате да ја промените бојата на косата, многу подобро е да дадете малку пов...
10 луѓе кои не се срамат да кажат како штедат пари дома (и се за пофалба) „Се бањам со обичен тврд сапун, наместо гел за туширање – трае подолго, а ефекто...
9 работи на кои не треба да штедите ако ви е важен квалитетот Немојте да штедите на продукти за нега на кожа или третмани како маникир или пед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg