10 години го криела љубовникот на таванот пред тој да ѝ го убие сопругот - лудата афера на Доли Остерајх

Доли Остерајх десет години го криела љубовникот на таванот, пред тој да ѝ го убие сопругот. По убиството, тој продолжил да се крие на таванот додека Доли се гледала и со други мажи, вклучувајќи го и адвокатот што ја бранел за убиството на сопругот.

10-godini-go-kriela-ljubovnikot-na-tavanot-pred-da-go-ubie-soprugot-ludata-afera-na-doli-osterajh-01.jpg

Валбурга Остерајх, попозната како Доли, била Германка омажена за богат Американец кој поседувал текстилна фабрика.

Доли ѝ стана позната на јавноста по многу бизарен случај – цели десет години таа го криела нејзиниот љубовник на таванот во куќата во којашто живеела со сопругот.

Доли се родила во 1880 година во периодот кога нејзините родители се преселиле од Германија во САД. Не е познато во која држава се родила, но целиот живот го поминала во Америка.

На 17-годишна возраст стапила во брак со богатиот бизнисмен Фред Вилијам Остерајх.

Бидејќи бил сопственик на текстилна фабрика, Фред честопати отсуствувал од дома. Па, уште на почетокот на нивниот брак, во соседството имало гласини дека таа редовно го изневерува.

10-godini-go-kriela-ljubovnikot-na-tavanot-pred-da-go-ubie-soprugot-ludata-afera-na-doli-osterajh-07.jpgДоли и сопругот Фред

Во 1913 година, кога Доли имала 33 години, ѝ се расипала машината за шиење. Тогаш нејзиниот сопруг замолил работник од фабриката да отиде во нивната куќа за да ја поправи.

Работникот бил тогаш 17-годишниот Ото Санхубер.

Бидејќи Фред бил речиси постојано отсутен од дома, а кога бил дома неретко бил пијан, Доли се чувствувала осамена. Па, кога Фред ѝ кажал дека ќе дојде 17-годишниот Ото за да ја поправи машината за шиење, Доли го пречекала само по долна облека.

Тогаш почнала нивната афера која траела речиси две децении.

10-godini-go-kriela-ljubovnikot-na-tavanot-pred-da-go-ubie-soprugot-ludata-afera-na-doli-osterajh-06.jpgОто, најверојатно неколку години по аферата со Доли

На почетокот Ото и Доли се сретнувале во хотелски соби, а по некое време момчето почнало да ја посетува во нејзината куќа. Кога, пак, соседите прашувале за него, Доли им кажувала дека ѝ е брат.

Сепак, соседите почнале да се сомневаат во лагата на Доли, па таа сфатила дека мора подобро да ја скрие аферата.

Доли му предложила на Ото да се пресели во таванот на нејзината куќа бидејќи тогаш ќе можат да се гледаат без тој да влегува и излегува од нејзиниот дом.

Ото без двоумење се согласил, дал отказ од фабриката на Фред и се преселил на таванот.

Ото практично никогаш не го напуштал таванот. Навечер пишувал романи, надевајќи се дека ќе стане познат писател, а во текот на денот, кога Фред не бил дома, водел љубов со Доли.

Подоцна Ото изјавил дека тој ѝ бил „секс роб“ на Доли и дека воделе љубов по осумпати дневно.

10-godini-go-kriela-ljubovnikot-na-tavanot-pred-da-go-ubie-soprugot-ludata-afera-na-doli-osterajh-05.jpgСпоред некои извори, ова е една од куќите во кои Доли го криела Ото

Сопругот Фред ни за миг не се посомневал дека се случува нешто.

Бизарната афера траела цели пет години, кога Фред ѝ предложил на Доли да ја продадат куќата и да се преселат во Лос Анџелес.

Доли се согласила, но под услов таа да ја одбере куќата што ќе ја купат. Доли инсистирала куќата да има и таван (за да може да си го земе и љубовникот).

Фред воопшто не се противел, па откако ја купиле куќата, Доли го испратила љубовникот во Лос Анџелес. Му рекла да оди во куќата и да се скрие во таванот пред да пристигнат таа и сопругот Фред.

10-godini-go-kriela-ljubovnikot-na-tavanot-pred-da-go-ubie-soprugot-ludata-afera-na-doli-osterajh.jpgДоли, непозната година

Аферата на Доли и Ото продолжила уште околу пет години – тој продолжил навечер да пишува романи, а денот да го поминува со Доли, без воопшто да излезе од куќата.

Но, една вечер во август 1922 година, Ото слушнал дека Доли и Фред се расправаат.

Ото помислил дека Фред ќе ја повреди, па веднаш излегол од таванот со два пиштола.

Кога се појавил во собата, Фред го познал, па го нападнал.

Додека двајцата мажи се тепале, Ото случајно трипати го застрелал Фред со пиштолите.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...

Најчитани неделава