10 години го криела љубовникот на таванот пред тој да ѝ го убие сопругот - лудата афера на Доли Остерајх

Ото веднаш смислил како да ја извлече Доли од ситуацијата – ја заклучил во шкаф, ги зел клучот и пиштолите и повторно се скрил на таванот. Тој сметал дека ако Доли е заклучена однадвор, полицијата нема да ја обвини за убиството на Фред.

Истовремно, Ото зел и неколку вредни предмети, со цел полицијата да помисли дека станува збор за вооружен грабеж.

Соседите ги пријавиле звуците од пукање, па кога дошле полицајците и ја извадиле Доли од шкафот, таа им го кажала измисленото алиби.

Одовде целата ситуација станала уште позаплеткана.

10-godini-go-kriela-ljubovnikot-na-tavanot-pred-da-go-ubie-soprugot-ludata-afera-na-doli-osterajh-04.jpgДоли во 1930 година

И покрај алибито, Доли била испрашувана за убиството на Фред како осомничена, па најмила адвокат - Херман Шапиро. Не поминало многу време пред да почне врска и со него.

Во меѓувреме, Ото продолжил да живее на таванот како нејзин љубовник, а адвокатот не знаел ништо за него.

Истовремено, Доли имала уште еден љубовник кој, пак, не знаел за нејзината врска со адвокатот, ниту за Ото.

10-godini-go-kriela-ljubovnikot-na-tavanot-pred-da-go-ubie-soprugot-ludata-afera-na-doli-osterajh098.jpgДоли и нејзините адвокати

Можеби Доли ќе се извлечела од целата ситуација, но погрешила кога му подарила дијамантски часовник на адвокатот во 1930 година. 

Имено, часовникот му припаѓал на Фред, а Доли го пријавила како украден за време на „грабежот“ што го исценирала со Ото.

Кога адвокатот ѝ го спомнал тоа, Доли му рекла дека го нашла во дворот бидејќи веројатно им паднал на крадците.

Набрзо по овој настан, другиот љубовник на Доли дознал за нејзината врска со адвокатот. 

10-godini-go-kriela-ljubovnikot-na-tavanot-pred-da-go-ubie-soprugot-ludata-afera-na-doli-osterajh-02.jpgДоли пред испрашување

Ова го разгневило, па отишол да ѝ каже на полицијата дека по убиството на Фред, Доли му дала пиштол и му рекла да се ослободи од него. Ова бил едниот од пиштолите со кој бил застрелан Фред.

Полицијата повторно почнала да се сомнева во Доли, па набрзо од нејзин сосед дознале дека нему му го дала вториот пиштол.

Полицајците, кои од почетокот се сомневале во Доли, конечно имале барем некаков доказ дека таа е вмешана во убиството на нејзиниот сопруг.

10-godini-go-kriela-ljubovnikot-na-tavanot-pred-da-go-ubie-soprugot-ludata-afera-na-doli-osterajh-03.jpgИсечок од весник: „Тајната соба прикажана лево е местото каде што Ото Санхубер (десно) наводно бил затворен од госпоѓа Валбурга Остерајх (доле во средина). Херман Шапиро (горе во средина),
адвокат, се верува дека ја реши мистеријата која ја збунува полицијата осум години“

Доли била уапсена и тогаш го излажала адвокатот дека на таванот живее нејзиниот брат и го замолила да го проверува додека е во затворот.

Полицијата отишла во куќата на Доли и го нашле Ото, а набрзо потоа тој им кажал за неговата афера со Доли. Не му требало многу време за да го признае и убиството.

Ото бил осуден за убиство, но бил ослободен бидејќи случајот застарел.

По ова, тој си го променил името и се преселил во Канада, каде што се венчал со друга жена. По некое време се вратил во Лос Анџелес каде што останал до крајот на животот.

Доли, пак, била ослободена бидејќи, сепак, не го убила Фред. Таа останала да живее во Лос Анџелес до нејзината смрт. Доли починала во 1961-ва, на 80-годишна возраст.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Брат му на Доналд Трамп и уште 4 богати наследници кои завршија неславно и трагично Брат му на Доналд Трамп, син му на Џон Ф. Кенеди, но и синот на основачот на хот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg