Дозвола за брак со разведена личност и уште 9 (застарени) кралски правила што ги промени кралицата Елизабета
До пред некоја година, тронот можеа да го наследат само машките деца.
Односно, ако владетелот има ќерка и син, а ќерката е постара, синот сепак ќе го наследи тронот.

Во 2015 година ова правило се промени.
Ова значи дека сега, по Вилијам и син му Џорџ, принцезата Шарлот е следен наследник, а дури по неа е најмалиот син Луи.

Во минатото, за Божиќ кралското семејство се забавувало со претстави што ги изведувале самите.
На фотографијата подолу се гледаат кралицата Елизабета и сестра ѝ – принцезата Маргарет – за претставата што ја изведувале во 1941 година.

Според некои извори, денес оваа традиција е заменета со подарување смешни подароци.

Во минатото, кралицата ја водеше парадата по повод нејзиниот роденден јавајќи коњ.
Оваа традиција е стара над 260 години и во неа учествуваат 1.400 војници, 200 коњи и 400 музичари.

Во последниве неколку години, кралицата беше дел од парадата, но во кочија.

Во минатото, поклонувањето пред кралицата, но и другите членови од кралското семејство, било задолжително.

Иако ова правило постои и денес, членовите на кралското семејство преферираат обично поздравување.

Во минатото, членовите на кралското семејство се држеле понастрана од луѓето кога се појавувале во јавност.
Одвреме-навреме разговале со нив, но секогаш држеле одредена дистанца.

Но, денес тие сакат и да се прегрнуваат со луѓето.

Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Строгите правила што мора да ги следат членовите на кралското семејство кои сакаат да се разведат
Ако разводот се смета за нешто лошо и срамно, за британското кралско семејство е...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации
Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците
Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело
Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Модерни бонтон правила: 9 работи што не треба да ги кажете преку порака
Ако озборувате некого преку порака, без разлика дали на Фејсбук, Инстаграм или д...
„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фа...
„На 14-годишна возраст бев присилена да се венчам со мојот братучед. И покрај це...