Планинар си ја исекол целосно раката за да се спаси, откако му се заглавила под карпа – 5 дена викал на цел глас за помош

„Го зедов ножот и почнав да ја бодам раката, а ножот само пропадна во месото како во путер кој стоел на собна температура“ - Арон Ли Ралстон е планинар од Америка кој во 2003 година паднал во процеп на кањон во Јута, а врз неговата рака паднала огромна карпа. Арон бил заробен пет дена, кога си ја ампутирал раката, кршејќи си ги коските од карпата и сечејќи ја со тап нож.

planinar-si-ja-amputiral-rakata-za-da-se-spasi-otkako-mu-se-zaglavila-pod-karpa-5-dena-vikal-za-pomosh0-1.jpg

Ако го сакате актерот Џејмс Франко, веројатно го знаете и неговиот филм 127 Hours.

Во филмот, Франко глуми планинар кој паѓа во кањон и си ја заглавува раката под огромна карпа. По неколку денови, тој сфаќа дека мора да си ја ампутира раката ако сака да преживее.

Но, знаевте ли дека филмот е направен според вистинска приказна?

planiral-si-ja-amputiral-rakata-za-da-se-spasi-otkako-mu-se-zaglavila-pod-karpa-5-dena-vikal-za-pomosh-10.jpgсцена од филмот

Арон Ли Ралстон е планинарот кој е инспирација за малку вознемирувачкиот филм. Тој е роден во САД во 1975 година, а покрај планинарењето, тој е и мотивациски говорник, како и машински инженер.

Арон почнал да планинари и да скија уште на 12-годишна возраст.

Откако завршил факултет, работел како машински инженер, но по пет години сфатил дека не го сака работното место во голема корпорација.

Во тие пет години, Арон активно планинарел и станал професионалец, па во 2002 година дал отказ со цел да ја искачи Денали – највисоката планина во Северна Америка.

Се преселил во Колорадо, а си поставил и цел да ги искачи сите тамошни планини повисоки од 4.200 метри.

planiral-si-ja-amputiral-rakata-za-da-se-spasi-otkako-mu-se-zaglavila-pod-karpa-5-dena-vikal-za-pomosh-06.jpg

Во 2003 година, Арон решил сам да ги истражува бројните кањони во Јута, а токму оваа авантура ќе го направи светски познат.

На 26-ти април Арон го истражувал тесниот кањон Bluejohn кој се наоѓа во Јута.

Додека се симнувал во процеп на кањонот, карпа која била заглавена во процепот паднала и прво му ја удрила левата дланка, а потоа му ја притиснала десната рака до кањонот.

Арон останал заробен под тешката карпа во процепот на кањонот, немал како да се јави за помош, а никој од неговите пријатели не знаеле каде е бидејќи не го ни спомнал патувањето.

planiral-si-ja-amputiral-rakata-za-da-se-spasi-otkako-mu-se-zaglavila-pod-karpa-5-dena-vikal-za-pomosh-04.jpgФотографија што ја направил Арон додека бил заглавен

Пробувал да ја извади раката, но не можел ни да ја помрдне карпата која тежела околу 360 килограми.

За The Guardian, тој вели дека пцуел 45 минути откако му паднала карпата врз раката.

„Ако некогаш сте си го скршиле прстот, ова боли 100 пати повеќе“.

Со себе, Арон имал малку вода, околу 350 милилитри, и малку храна.

Три денови Арон пиел по неколку капки вода и јадел многу малку, а притоа безуспешно се обидувал да си ја извади раката.

planiral-si-ja-amputiral-rakata-za-da-se-spasi-otkako-mu-se-zaglavila-pod-karpa-5-dena-vikal-za-pomosh-05.jpgАрон во процепот на истиот кањон неколку години откако се спасил

По третиот ден, Арон веќе бил дехидриран и сфатил дека ќе мора да си ја ампутира раката ако сака да се спаси.

Тој вели дека размислувал и за најдрастичната опција – самоубиство – но набрзо потоа помислил дека ќе може и да си ја пресече раката.

„Имав надреален разговор со себе: ’Арон, мора да си ја пресечеш рака‘. ’Не сакам да си ја пресечам раката!‘ ’Арон, мора да си ја пресечеш раката‘. Вака си зборував со себе“.

Сфатил и дека ќе мора да ја исече коската од раката, но дека нема никаква алатка што ќе му помогне во тоа. Тој носел само мало евтино ноже кое било тапо.

planiral-si-ja-amputiral-rakata-za-da-se-spasi-otkako-mu-se-zaglavila-pod-karpa-5-dena-vikal-za-pomosh-03.jpg

Дошол и петтиот ден, а Арон останал без храна и вода. Бил присилен да пие од неговата урина, а бидејќи бил сигурен дека нема да ја преживее ноќта, на карпата го изгравирал датумот.

Арон имал и камера, па снимил проштално видео за неговото семејство.

Но, набрзо Арон сфатил дека заробената рака почнала да скапува, откако забележал како се откинува парче кожа од палецот.

„Се зачудив. Го зедов ножот и почнав да ја бодам раката, а ножот само пропадна во месото како во путер кој стоел на собна температура. Раката ми беше како желе.

Како што го забодев ножот, слушнав како излегуваат гасовите кои се акумулирале и имаше лош мирис. Бев во многу емотивна состојба и тогаш сфатив – можам да ја искористам карпата за да си ги скршам коските!“

Арон вели дека напливот на емоции и адреналин му помогнале да почне да се удира од карпата за да ги искрши коските и, на крај, да ја досече раката со тапиот нож.

planiral-si-ja-amputiral-rakata-za-da-se-spasi-otkako-mu-se-zaglavila-pod-karpa-5-dena-vikal-za-pomosh-07.jpgКарпата на која се гледа крвта на Арон

Но, иако се ослободил од карпата, Арон веќе имал пресметано дека ќе му требаат барем 10 часа да дојде до неговиот автомобил, а потоа и да најде медицинска помош.

За да не искрвави до смрт, тој искористил делови од планинарската опрема што ја носел со себе за да си направи преврска и некако успеал да се искачи надвор од процепот.

Односно, Арон искачил 19 метри со една рака, додека другата му крвавела.

Потоа почнал да се движи кон неговиот автомобил кој бил на растојание од околу 13 километри. По околу десет поминати километри, Арон бил забележан од семејство Холанѓани. Тие веднаш му дале храна и вода и повикале помош.

Околу четири часа откако си ја ампутирал раката, Арон бил спасен со хеликоптер и ја добил потребната помош.

planiral-si-ja-amputiral-rakata-za-da-se-spasi-otkako-mu-se-zaglavila-pod-karpa-5-dena-vikal-za-pomosh-08.jpg

Во петте денови во кањонот, Арон ослабел 18 килограми и изгубил 25% од неговата крв.

Тој вели дека ако си ја ампутирал раката порано, сигурно ќе искрававел до смрт, а ако почекал уште малку, веројатно ќе го нашле мртов во кањонот.

Подоцна властите ја извадиле раката на Арон од кањонот и биле потребни 13 мажи, како и хидраулична дигалка за да се помрдне карпата.

Раката била кремирана, а пепелта му била дадена на Арон.

planiral-si-ja-amputiral-rakata-za-da-se-spasi-otkako-mu-se-zaglavila-pod-karpa-5-dena-vikal-za-pomosh-02.jpgАрон и Џејмс Франко 

По инцидентот, Арон се појави во неколку телевизиски емисии, неговата приказна беше споделена во бројни светски познати медиуми, а тој издаде и автобиографска книга со наслов Between a Rock and a Hard Place.

Во 2010 година беше издаден и филмот 127 Hours каде што Џејмс Франко го глуми планинарот Арон.

Самиот Арон има изјавено дека фактите и настаните во филмот се толку точни, што можеби треба да се нарече и документарец.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg