Мирисот на топол ајвар и уште 13 работи кои ги обожаваме во есен
Мирисот на печени пиперки и дегустирање на топлиот ајвар, сезона на топли џемпери, ќебенца и топли пијалаци дома или во прекрасната природа со пожолтени лисја, топло чоколадо во омиленото топло кафуле, уживање во книга додека надвор врне и размирисување на цел дом со печена тиква или греено вино - неколку фото-причини зошто ја обожаваме есента.

Имам пријатели кои нервозно се будат кога временската прогноза покажува сонце и ќе испратат неколку пораки како: „Гррр, аман од ова сонце, леле…“. Други пак, едвај чекаат лето и море, да лежат на плажа и да го добијат тенот од соништата. Тие уживаат во дожд само во недела, а снегот го обожаваат можеби само за Божиќ.
И покрај сето ова и секој со своите преференции, има некои есенски моменти кои сите ги сакаат, а сигурно и вие.
Дали би додале уште нешто на листата?