„3-те најужасни славни личности кои доаѓаа кај мене во ресторан“, споделува поранешен келнер

Откако ресторанот Балтазар го прогласи водителот Џејмс Корден како „најнекултурниот клиент“ што некогаш го имал, сè повеќе познати личности се обелоденуваат за нивното ужасно однесување во ресторани! А кои се некои од тие? Меган Маркл, Наоми Кембел и Ана Винтур.

Poraneshen-kelner-raskazhuva-za-najnekulturnite-poznati-lichnosti-02.jpg

Според Њујорк пост, поранешниот главен келнер Мајкл Чеки-Азолина се присетува на сите свои искуства во неговата книга „Твојата маса е подготвена“.

Poraneshen-kelner-raskazhuva-za-najnekulturnite-poznati-lichnosti-03.jpg

Тоj започнува со војвотката од Сасекс, и тврди дека во 2017 година, таа пристигнала 20 минути порано и почнала да бара посебен третман, дури и да биде сместена во некој скриен дел од ресторанот за да не ја гледаат останатите.

Веројатно можете да погодите што дополнително направила Меган со оглед на тоа дека се забавувала со принцот Хари, со кој подоцна се омажила. Веднаш почнала да го повишува тонот и да споменува дека се забавува со принц, и дека еден ден ќе биде принцеза. Побарале да бидат сместени во некој приватен дел од ресторанот, додека не им се ослободи масата. Но Мајкл само им кажал дека тоа не може да се случи.

Poraneshen-kelner-raskazhuva-za-najnekulturnite-poznati-lichnosti-04.jpg

Тој додава: „Едни од највлијателните и најмоќните луѓе доаѓаа во тој ресторанот, а искрено мене ме заболе за Меган.“

Но Меган не била единствената славна личност која оставила ужасен впечаток кај Мајкл! Поранешниот келнер, исто така, се сеќава како Наоми Кемпбел и Ана Винтур честопати се појавувале ненајавено и постојано враќале храна.

Во книгата, тој тврди дека 52-годишната манекенка, која го посетувала ресторанот во раните 2000ти била ужасно груба и се жалела на нејзината храна речиси секој пат.

Poraneshen-kelner-raskazhuva-za-najnekulturnite-poznati-lichnosti-05.jpg

Тој додава: „Искрено, се плашевме кога таа требаше да дојде. Наоми беше една од ретките личности кои не сакавме да нѐ посетува во ресторанот.“

Што се однесува до Ана Винтур Мајкл сподели дека главната уредничка на Вог била „апсолутно ужасна“ бидејќи честопати „влегувала без резервација и барала маса“. Штом ќе нарачала храна очекувала истата да ѝ биде донесена ВЕДНАШ.

Poraneshen-kelner-raskazhuva-za-najnekulturnite-poznati-lichnosti-06.jpg

Мајкл додава: „Не дај Боже  храната да беше малку преварена или препечена. Таа ќе го погледнеше келнерот како да ѝ послужил стаорец и веднаш ќе побара да ѝ донесе нова порција. Знаеше само да се јави на телефон и да каже дека доаѓа, и сите знаевме што да правиме. Тоа беше пекол.“

Со новите скандали кои излегуваат за Џејмс Корден и како тој се однесувал во одредени ресторани, треба да се запомни дека ништо не чини да се биде учтив и културен. Најмногу кон оние кои ти ја подготвуваат и сервираат храната. Тоа едноставно значи да се биде човек.

К. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Ретки фотки од секојдневието на познатите личности од минатото Марија Кири со нејзиниот велосипед, Коко Шанел на трка со коњи, Марк Твен игра б...

Најчитани неделава