Дупка на лажицата за шпагети и уште 7 детали на секојдневните предмети чија намена сигурно не ја знаете

Веројатно сте забележале дека патиките за трчање имаат екстра дупче за врвките или дека некои фармерки имаат мали непрактични џебови. Но, знаете ли за што служат овие детали?

dupka-na-lazhicata-za-shpageti-i-ushte-7-detali-na-sekojdnevnite-predmeti-chija-namena-sigurno-ne-ja-znaete-01.jpg

Иако постојат предмети кои ги користиме скоро сите, и тоа секојдневно, дел од нив имаат детали за чија намена не сме најсигурни.

Во продолжение 8 вакви детали и нивната намена:

Дупчиња на ранецот

Овие дупчиња на ранците не се од естетски причини, туку имаат навистина практична намена.

На нив можете да заврзете јаже, батериска ламба, шише за вода и слични предмети кои се корисни ако планинарите или патувате некаде. 

Можете да заврзете и што било друго што сакате да ви биде при рака, без да го ставате во ранецот.

dupka-na-lazhicata-za-shpageti-i-ushte-7-detali-na-sekojdnevnite-predmeti-chija-namena-sigurno-ne-ja-znaete-02.jpg

Дупче под чешмата на мијалникот

Ова дупче е поврзано со одводот и е додадено со цел да се намали ризикот од поплава.

Ако се затне главниот одвод на мијалникот, дел од водата ќе може да истече преку ова дупче, така што нема да прелее.

Исто така, благодарение на ова дупче мијалникот се празни побрзо поради додатниот воздух што влегува преку него.

dupka-na-lazhicata-za-shpageti-i-ushte-7-detali-na-sekojdnevnite-predmeti-chija-namena-sigurno-ne-ja-znaete-03.jpg

Мали џебови на фармерките

Овие мали џебови денес ни се бескорисни, но останале како дел од дизајнот на првите фармерки.

Првите модели покрај вообичаените џебови, имале и мал џеб за џебен часовник.

dupka-na-lazhicata-za-shpageti-i-ushte-7-detali-na-sekojdnevnite-predmeti-chija-namena-sigurno-ne-ja-znaete-07.jpg

Екстра дупчиња на патиките

Ако ги протнете врвките и преку овие дупчиња, многу подобро ќе го стабилизирате вашето стапало. Ова, пак, е многу корисно ако трчате или вежбате.

dupka-na-lazhicata-za-shpageti-i-ushte-7-detali-na-sekojdnevnite-predmeti-chija-namena-sigurno-ne-ja-znaete-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои не се срамат да кажат како штедат пари дома (и се за пофалба) „Се бањам со обичен тврд сапун, наместо гел за туширање – трае подолго, а ефекто...
11 предмети и продукти за кои вреди да дадете повеќе пари, за да ги избегнете трошоците во иднина Ако сакате да ја промените бојата на косата, многу подобро е да дадете малку пов...
10 бон-тон грешки кои мора да ги избегнувате ако сакате да изгледате како отмена дама Немојте да бидете неучтиви кон другите. Дури и ако некој зборува неучтиво со вас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg