Трикови кои ќе ви бидат од корист додека престојувате во хотел (ќе бидете благодарни)
Како да се заштитите од бубачки, како да избегнете собарки да ви влегуваат кога имате оставено вредни работи, а не сте во соба, како да ги изладите шишињата кога нема фрижидер и уште неколку трикови кои може да ви бидат корисни следниот пат кога ќе престојувате во хотел.

За време на престојот во хотелски соби или апартмани, честопати сте се нашле во ситуација за која немате решение, но некои луѓе имаат навистина креативен ум.
Во продолжение неколку трикови кои може да ви бидат од корист, а никогаш не сте помислиле на нив:
Кога се чекирате во хотелска соба, сликајте ја содржината на мини-барот за да не дојде до забуни на крај

Во уредите за струја, може да пробате да ставите обична картичка, за да ги полните уредите додека не сте во соба (не функционира секаде)

Ако немате соодветен штекер или адаптер за полнач, ставете го кабелчето во УСБ отворот во телевизорот (ако е понов модел)

Штекерите и прекинувачите во собите може да ги заштитите од деца со помош на фластер

Во земјите со топла клима, заштитете се од бубачки кои влегуваат од под врата, така што ќе ставите крпа или хартија кај отворот

Ако се плашите дали вашите работи се безбедни кога не сте во соба, ставете го знакот „Do not Disturb“ на врата и никој нема да влезе

Иако на фолиите на чашите пишува дека се дезинфицирани, сепак изгубете уште 30 секунди и исплакнете ги пред употреба

Ако немате фрижидер, шишињата вода или сок може да ги изладите во лавабо полно со ладна вода

Ако нема соодветен затворач, може да го затнете мијалникот со кеса полна со монети

Не брзајте да ги фрлите капите за туширање – може да бидат корисни за заштитување на валканите патики

Ако перницата ви е ниска, наполнете ја навлаката со пешкири

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца
Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени
Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото)
„Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“
„Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото)
„Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува
За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни)
Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...